Свет
(Видео) Радиоактивен цилиндар исчезна од електрана на Тајланд

Властите на Тајланд се обидуваат да лоцираат метален цилиндар со опасна радиоактивна содржина, што исчезнал од електрана оваа недела. Тајландските власти ја предупредија јавноста на сериозни здравствени ризици, кои може да настанат во случај на контакт со материјалот во цилиндерот.
Откритието доаѓа само два месеца откако Австралија беше принудена да почне слична потрага за да ја пронајде малата радиоактивна капсула, која на крајот беше лоцирана. За разлика од австралиската капсула, која беше изгубена во оддалечена рурална област, цилиндерот на Тајланд исчезна во многу понаселена област.
Цилиндарот долг 30 сантиметри и широк 13 сантиметри бил пријавен за исчезнат за време на рутинските проверки на персоналот на 10 март во електрана на јаглен во Прачин Бури, провинција во централен Тајланд.
Цилиндерот се користел за мерење пепел и бил дел од силосот. Во него има цезиум-137, што е високорадиоактивна супстанција за која научниците велат дека може да биде смртоносна.
Тимови за пребарување и беспилотни летала се распоредени за да го пронајдат исчезнатиот цилиндар, се вели во соопштението на Управата за атомска енергија, владиниот регулатор на Тајланд за радиоактивни и нуклеарни истражувања.
Во потрагата е вклучена и тајландската полиција, која смета дека цилиндерот исчезнал во февруари, но дека компанијата National Power Plant 5 официјално го пријавила исчезнувањето дури минатата недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Драма во небото: птица го скрши носот на авион, принудно слета во Мадрид

Патнички авион на „Ербас“ е приземјен откако беше тешко оштетен во удар од птица при полетување од шпански аеродром, објавува „Дејли мејл“.
Летот IB579 на „Ибериа“, кој требаше да полета од Мадрид за Париз денес попладне, мораше да се врати на аеродромот Адолфо Суарез Мадрид-Барахас бидејќи удри во голема птица при полетување.
🔴 Un avión de Iberia que cubría la ruta entre Madrid y París aterriza de emergencia en Barajas tras los daños causados por el impacto de un pájaro. Tanto los pasajeros como la tripulación resultaron ilesos https://t.co/h02ke61pDZ pic.twitter.com/EgR9IkjKUC
— Europa Press (@europapress) August 4, 2025
Фотографиите од аеродромот покажуваат дека носот на авионот е сериозно оштетен, а дел од материјалот на предниот дел целосно отпаднал.
#BREAKING: Terrifying pictures show huge damage to front of Airbus ( Iberia Airbus A321-253NY) struck by bird after taking off from Spain
Flight IB579 to Paris Orly Airport returned approximately 20 minutes after departure from Madrid. pic.twitter.com/I4zSjhj1aP
— JUST IN | World (@justinbroadcast) August 3, 2025
Според подаатоците на „Флајтрадар“ авионот направил краток круг над Мадрид пред да слета, нешто повеќе од еден час по полетувањето.
Свет
Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Зеленски

Претседателот на Русија, Владимир Путин, е отворен за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но само откако на стручна основа ќе се одржат подготовителни разговори, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
Песков истакна дека подготовките за таков состанок сè уште не започнале. Додаде дека не е исклучена можноста Путин оваа недела да се сретне со посебниот претставник на претседателот на САД, Стив Виткоф.
„Разговорите продолжуваат, а САД и натаму вложуваат напори како посредник во барањето решение за украинскиот конфликт. Тие напори се важни, особено поради долготрајниот застој во директните преговори меѓу Русија и Украина. Работиме на тоа и остануваме на ставот дека најдобар исход за нас е политичко и дипломатско решение на украинското прашање“, рече Песков.
Путин претходно изјави дека ја поддржува идејата за долготраен мир во Украина, додавајќи дека сите досегашни разочарувања во преговорите се резултат на преголеми очекувања.
Тој ги повтори и своите услови за прекин на војната: неутрален статус на Украина, откажување од членство во НАТО и повлекување на украинските сили од Донецк, Луганск, Херсон и Запорошка област.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена за средба со рускиот врв на највисоко ниво доколку Москва навистина сака да ја заврши војната и да постигне траен мир.
Свет
Украина: Нападнавме аеродром на Крим, штетата се мери во десетици милиони долари

Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека извршила напад врз руската воена база Саки на Крим, при што, според нивните тврдења, целосно бил уништен еден борбен авион од типот Су-30М, а биле оштетени уште четири бомбардери од типот Су-24.
Според соопштението на СБУ објавено на Телеграм, погодено било и руско складиште за авионско вооружување. Вкупната проценета штета за руската страна, според нив, изнесува десетици милиони долари.
„Успешната специјална операција на СБУ во Саки е уште еден чекор кон ослабување на способноста на непријателот да води агресивна војна против Украина. Окупаторите мора да знаат дека никогаш нема да се чувствуваат безбедно на нашата земја!“, се вели во соопштението на СБУ.
Аеродромот Саки се наоѓа во западниот дел на Крим, кој е под руска окупација од 2014 година, и често служи како база за воздушни напади врз украинска територија.