Свет
(Видео) Ракетата на Безос лансирана во вселената: „Успеавме, стигна во орбитата“
Лансирањето на ракетата „Њу Глен“ од компанијата „Блу ориџин“, во сопственост на американскиот милијардер Џеф Безос, пред неколку дена беше откажано во последен момент поради технички проблеми.
Но висока речиси триесет ката (висока е 98 метри и широка 7 метри) и дизајнирана за повеќекратна употреба, ракетата „Њу Глен“ беше лансирана рано утринава од Кејп Канаверал, Флорида. Овој беспилотен тест-лет е наменет да ја прикаже демонстрациската технологијата во вселената за потребите на „Блу ориџин“. Главната цел на мисијата беше да докаже дека „Њу Глен“ може да стигне до орбитата, што би го отворило патот за посложени мисии во иднина.
„Го направивме тоа, ракетата стигна до орбитата“, рекоа тие во пренос во живо славејќи го успехот на мисијата.
Џорџ Нилд, претседател на компанија што промовира приватни вселенски активности, смета дека лансирањето на „Њу Глен“ е добра вест за целиот вселенски сектор бидејќи „добро е да се има конкуренција, да се има опција за избор“. „Ова е исклучително важно за комерцијалната вселенска индустрија, но и за владата и за НАСА, бидејќи не само што ги намалува трошоците туку нуди и план Б во случај на проблеми со уредот“, објасни тој за АФП пред летот.
The NG-1 countdown clock is proceeding. The three-hour launch window opens at 1 a.m. EST (0600 UTC).
Live webcast begins here 20 minutes before launch.https://t.co/wDtmxoDKRs
— Blue Origin (@blueorigin) January 16, 2025
Оваа инаугуративна мисија на „Њу Глен“ се очекува да трае шест часа.
„Њу Глен“ е ракета за повеќекратна употреба. Нејзината прва фаза се напојува со мотори BE-4, кои се напојуваат со течен природен гас и течен кислород. „Блу ориџин“ претходно успеа да ја приземји својата ракета „Њу Шепард“ на копно во Тексас, но овој пат ќе се обиде со контролирано слетување на првата етапа на шлеп во морето – деликатен маневар сличен на оние што ги изведува „Спејс икс“.
По одвојувањето, моторите BE-3U на горната етапа, кои користат течен кислород и водород, покренуваат до 45 метрички тони носивост во ниската орбита на Земјата.
Станува збор за мисија без екипаж, а нејзината носивост го вклучува Blue Ring Pathfinder, која содржи комуникациска низа, енергетски систем и компјутер за летање. „Блу ориџин“ планира да го тестира вселенското летало „Блу ринг“, кое ќе овозможи идни мисии со полнење гориво, пренос на податоци.
Доколку ова лансирање биде успешно, дополнителни летови на „Њу Глен“ се очекуваат во 2025 година.

„Блу ориџин“ веќе има потпишано договори со неколку клиенти, меѓу кои и американската вселенска агенција, која ќе го користи за беспилотна мисија на Марс, и американската влада, која ќе го користи за мисии за национална безбедност.
Од комерцијална страна, „Блу ориџин“ планира да лансира интернет-сателити за неколку компании, а како и „Спејс икс“ со „Старлинк“, треба да биде одговорен и за лансирање сателити од групата „Амазон“.
Џеф Безос и Илон Маск, двајца од најбогатите луѓе во светот, се исто така ривали во сателитскиот интернет простор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вонредни избори во Јапонија: Такаичи подготвена да замине ако коалицијата загуби
Во Јапонија утрово започна гласањето на вонредните парламентарни избори, во услови на снежни врнежи низ целата земја, што би можеле да ја намалат излезноста, јавија јапонските медиуми.
Премиерката Санае Такаичи и нејзината Либерално-демократска партија (ЛДП), во коалиција со Партијата на иновации на Јапонија (ЈИП), се стремат да обезбедат мнозинство во Донниот дом на парламентот. Такаичи, која минатиот октомври стана прва жена премиер во Јапонија, најави дека ќе поднесе оставка ако коалицијата не добие мнозинство.
На изборите се кандидираа околу 1.300 лица за 465 места. Анкетите предвидуваат убедлива победа на коалицијата ЛДП–ЈИП. Се натпреваруваат и опозициски партии, меѓу кои Центристичкиот реформски сојуз, Демократската партија за народот, Комунистичката партија на Јапонија, Сансеито, Социјалдемократската партија, Реива Шинсенгуми и други.
Свет
Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва
Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден на Русија. Станува збор за руски државјанин.
„Со помош на партнер од Обединетите Арапски Емирати, рускиот државјанин Љубомир Корба, роден во 1960 година, кој беше непосреден сторител на злосторството, беше приведен во Дубаи и предаден на руската страна“, се вели во соопштението, пренесува РИА Новости.
Во соопштението на ФСБ се наведува и дека Виктор Васин, соучесник во обидот за атентат врз генерал Алексеев, е приведен во Москва.
„ФСБ, заедно со Министерството за внатрешни работи на Русија, по истражните мерки во врска со обидот за убиство на првиот заменик-началник на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација, генерал-потполковник Владимир Алексеев, го идентификуваа и уапсија соучесникот во ова злосторство, рускиот државјанин Виктор Васин, роден во 1959 година, приведен во градот Москва“, се вели во соопштението.
На 6 февруари, непознат напаѓач го застрела генерал-потполковник Алексеев во станбена зграда во Москва.
По обидот за атентат, генералот Алексеев беше хоспитализиран во тешка состојба, а потоа беше покрената истрага и кривична постапка за обид за убиство и нелегална трговија со огнено оружје.
Свет
(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата
Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во северниот италијански град, објавуваат италијанските медиуми. Некои демонстранти фрлаа пиротехника и се судрија со полицијата.
Milano. Solo una parola. CRIMINALI. pic.twitter.com/8yRaYrCeS2
— Azzurra Barbuto (@AzzurraBarbuto) February 7, 2026
Група од околу 100 демонстранти, претежно радикални левичари, фрлаа петарди, димни бомби и шишиња кон полицијата откако се одвоија од главната толпа во Милано, градот домаќин на Олимписките игри. Полицијата во опрема за немири и со штитови одговори со водни топови во обид да ја растера групата, од која некои носеа качулки и шалови за да ги покријат лицата. Редот беше воспоставен по неколку минути. Неколку учесници во немирите беа уапсени.
Полицијата беше во состојба на висока готовност по насилните судири за време на протестите во Торино минатиот викенд, во кои беа повредени повеќе од 100 полицајци.
„Ројтерс“ објави дека повеќе од 5.000 луѓе излегле на улиците на Милано поради трошоците за домување и еколошките проблеми. Демонстрантите носеа транспаренти со кои осудуваа низа проблеми, од употребата на вештачки снег и сечење дрвја до кризата со домувањето во финансискиот и моден главен град на Италија.
„Игрите повеќе не се одржливи од еколошка или социјална гледна точка, нивното време истече“, изјави демонстрантката Франческа Мисана (29).
Критичарите на Зимските олимписки игри се жалат на влијанието на инфраструктурата врз кревката планинска средина, како и на широката употреба на вештачки снег што троши многу енергија и вода.
Други велат дека за многумина, Милано стана град во кој повеќе не можат да живеат поради зголемените трошоци за живот поради приливот на богати нови жители привлечени од даночната шема.

