Свет
(Видео) Речиси 70 повредени во насилните протести во Грузија
Во синоќешните насилни демонстрации во главниот град на Грузија, Тбилиси, има речиси 70 повредени, пренесуваат светските медиуми. На социјалните мрежи се појавија и фотографии од повредени демонстранти.
UPDATE: Ruptly producer injured by rubber bullet while covering #Tbilisi protest now receiving treatment in hospital pic.twitter.com/iqjD1Kffxr
— Ruptly (@Ruptly) June 20, 2019
Тензиите ексалираа доцна синоќа кога руски пратеник се обрати од говорницата во парламентот. Поради тоа, зовре атмосферата пред зградата на законодавниот дом, а гневната толпа се обиде да упадне внатре во парламентот.
#Georgia: Anti-govt protest in #Tbilisi gets violent, demonstrators tried to storm parliament building https://t.co/GgkUXE7JkM pic.twitter.com/bnVOk0ct1f
— RT (@RT_com) June 20, 2019
Полицијата употреби солзавец и гумени куршуми за да ги спречи да влезат внатре.
Опозицијата побара од претседателот на Собранието и неколку високи функционери да поднесат оставки бидејќи, како што велат, тие се виновни за настанатата ситуација во земјата, со тоа што му дозволиле на рускиот пратеник, Сергеј Гаврилов, да се обрати од говорницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.