Европа
(Видео) Руската воена авијација објави снимка од „сухои“ во акција
Поморската авијација на балтичката флота за време на воена вежба успешно неутрализира „непријателски цели“ во водите на Балтичкото Море, пренесе прес-службата на руската флота.
„За време на планираната обука на екипите на фронтовските бомбардери ‘су-24’ и ‘су-30СМ’ на поморската авијација, извршен е условен напад врз цели во морските полигони во Балтичко Море, со користење на воздухопловни средства за уништување“, се вели во соопштението.
Ловци „су-27“ летале над морето за да ја надглеуваат ситуацијата, по што извршиле напад на симулирана флота на непријателски бродови, пренесува „Спутник“.
Вежбите опфаќале и сложени акробатски маневри во текот на летот, борбени дејствија и методи за избегнување на непријателската одбрана.
Во вежбите учествувале десетина поморски авиони од руската балтичка флота.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија: Вративме шест украински деца на нивните семејства
Руските власти во средата, по посредство на Катар, предале шест украински деца приведени во Русија на нивните роднини, објави руската државна агенција „Тасс“.
Шест момчиња на возраст од 6 до 17 години, меѓу кои и двајца браќа, беа вратени на нивните семејства во Амбасадата на Катар во Москва во присуство на претставникот на комесарот за детски прашања на Кремљ, Марија Лвова-Белова.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) води кривична постапка против неа и рускиот претседател Владимир Путин за депортација на деца.
Западот го обвинува Кремљ дека организирал депортација на илјадници малолетници од Украина.
Украина бара враќање на речиси 20.000 малолетници, кои биле „депортирани или насилно раселени“ во Русија од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари 2022 година.
Пред повеќе од една година МКС издаде налог за апсење на Владимир Путин и Лвова-Белова за депортација на деца.
Европа
Командант на шведската армија: Путин го сака островот Готланд, ако нападне, почнува војна со НАТО
Рускиот претседател Владимир Путин го сака шведскиот остров Готланд, предупреди шефот на шведското Министерство за одбрана, Микаел Биден.
Готланд, најголемиот остров во Шведска, споредлив по големина со Род Ајленд, е стратешки лоциран во средината на Балтичкото Море, помеѓу Стокхолм и руската ексклава Калининград.
Руското Министерство за одбрана објави план за проширување на територијалните води во Балтичкото Море, што предизвика меѓународна загриженост.
„Сигурен сум дека Путин со двете очи гледа во Готланд. Целта на Путин е да ја добие контролата над Балтичкото Море“, рече Биден, врховен командант на вооружените сили на Шведска.
„Ако Русија ја преземе контролата во Балтичкото Море, тоа би имало огромно влијание врз нашите животи – во Шведска и сите други земји што граничат со Балтичкото Море. Не можеме да го дозволиме тоа“, рече Биден.
„Балтичкото Море не смее да стане игралиште на Путин“, додава тој.
По демилитаризацијата во 2005 година, Шведска повторно воведе постојани трупи во Готланд во 2016 година по руската анексија на украинскиот полуостров Крим. Шведска исто така стана најновата членка на НАТО во март, што значи дека е опфатена со членот 5 од алијансата, кој гарантира дека сите други членки застануваат во меѓусебна одбрана доколку бидат нападнати.
„Ако Путин го нападне Готланд, тој може да им се закани на земјите на НАТО од морето. Тоа би бил крај на мирот и стабилноста во нордиските и балтичките региони“, рече Биден.
Европа
(Видео) Русија почна со вежби со тактичко нуклеарно оружје, објавена снимка
Руските сили ја почнаа првата фаза од вежбите, кои вклучуваат „рачна обука за подготовка и употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесува „Њузвик“.
Во соопштението се вели дека вежбите вклучуваат хиперсонични ракети „Кинжал“ опремени со специјални бојни глави.
Претходно овој месец, рускиот претседател Владимир Путин се одлучи на овој потег велејќи дека тоа е одговор на милитантните изјави на западните претставници.
Руското Министерство за одбрана (МО) во порака објавена на руската платформа за социјални мрежи „ВКонтакте“ (ВК) објави дека персоналот на Јужниот воен округ почнал со обука и извршување борбени задачи со специјална муниција за ракетните системи „Искандер“. Беше објавена и првата снимка.
🚨 🇷🇺BREAKING: RUSSIA BEGINS NUCLEAR WEAPONS DRILLS
Russian forces have launched the first phase of high-stakes non-strategic nuclear weapons drills in the Southern Military District.
Exercises include:
– Obtaining and equipping Iskander missiles with special ammunition and… pic.twitter.com/yHRpR2P9BJ
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) May 21, 2024
Вежбите се одржуваат во Јужниот воен округ на Русија по должината на украинската граница и делови од Украина под контрола на Русија. Белорусија, каде што Русија распореди тактичко нуклеарно оружје минатата година, исто така ќе биде вклучена во вежбите, соопштија двете земји.
Тактичкото или нестратешкото нуклеарно оружје е помалку моќно од стратешкото оружје дизајнирано да уништи цели непријателски градови, но сепак има огромен деструктивен потенцијал.