Свет
(Видео) Се урна стратешки бомбардер Ту-22М3 во Русија

Руски суперсоничен бомбардер Ту-22М3 се урна во руската област Иркутск, објави каналот ТАСС Телеграм, повикувајќи се на податоци од руското Министерство за одбрана.
Според информациите до кои дојде ТАСС и пренесе Инфо24, екипажот се катапултирал, но еден од пилотите загинал. На снимката објавена на телеграмскиот канал Бабр Маш се гледа пожар по падот на авионот.
Каналот наведува дека авионот се урнал во ненаселена област и дека на теренот нема штета предизвикана од падот. Според првичните податоци, причина за несреќата е техничка неисправност.
„Во авионот имало четири лица“
Гувернерот на регионот Иркутск, Игор Кобзев, на својот канал „Телеграм“ во 19:57 часот по московско време напишал дека авионот Ту-22М3, кој извршувал планиран лет, се урнал во близина на селото Бурет во областа Бохан.
„Нема уништени станбени згради и нема жртви меѓу цивилното население. Екипажот на авионот, кој се состоеше од четири лица, се катапултираше. Според извештајот на командантот на екипажот, еден пилот загинал при слетувањето. Причина за падот е техничка неисправност“, напиша Кобзев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.