Свет
(Видео) Се урна хеликоптерот на сопственикот на Лестер, во него најверојатно бил и тајландскиот милијардер
Се урна хеликоптерот на сопственикот на фудбалскиот тим Лестер, веднаш по натпреварот меѓу неговиот тим и тимот на Вест Хем. Хеликоптерот се урнал на паркингот на стадионот „Кинг Пауер“, пренесуваат светските медиуми.
Според неофицијални информации, во леталото бил и тајландскиот милијардер, Вичаи Шриваданапраба.
Leicester City FC owner's helicopter in the car park. Watching this makes me sick. Hope they're OK. pic.twitter.com/Hh71JxO01o
— Mbz I̡̪̠̫̓̋́͐̍́͡ͅ (@MabzCiteh) October 27, 2018
На местото на несреќата има голем пожар, а со оглед дека инцидентот се случил веднаш по натпреварот, на стадионот се уште беа присутни навивачи. Како што рекол некој очевидец, тешко дека некој ја преживеал несреќата, затоа што хеликоптерот веднаш по падот се запалил.

epa07125275 (FILE) Leicester City owner Vichai Srivaddhanaprabha during the English Premier League soccer match between Tottenham and Leicester at White Hart Lane, London, Britain, 29 October 2016 (reissued 27 October 2018). According to reports on 27 October 2018, a helicopter of Leicester City owner Vichai Srivaddhanaprabha, has crashed and burst into flames outside King Power Stadium in Leicester after the Premier League soccer match between Leicester City and West Ham United. It is still unclear if Srivaddhanaprabha was onboard. EPA-EFE/WILL OLIVER
Властите најавија детаљи за инцидентот и за бројот на жртвите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Финска објави дека ќе бара нова единица на НАТО
Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен изјави дека земјата има намера да побара Единицата за команден и контролен систем на НАТО да биде сместена во Финска.
Во писмена изјава, која ја пренесе финското Министерство за одбрана, Хаканен рече дека единицата, која би имала 50 членови, доколку се имплементира, ќе биде дел од командната структура на НАТО, а нејзиното одржување, како и изградбата на потребните сместувачки капацитети, ќе бидат кофинансирани од НАТО, пренесува Yle.
„Единицата за команден и контролен систем би понудила можност за развој на компатибилноста на финските национални и службите за команден и контролен систем на НАТО“, рече Хаканен.
Планирано е одлуките за ова прашање да се донесат на состанок на министрите за одбрана на НАТО во февруари 2026 година, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
„Економист“: Венс и Рубио во жесток судир околу планот за Украина
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и американскиот државен секретар Марко Рубио се најдоа на спротивставени страни на врвот на администрацијата, остро разидувајќи се околу мировниот план за Украина, пишува „Економист“, повикувајќи се на високи извори во Вашингтон.
Според сознанијата на ова издание, Венс првично се залагал за построг пристап кон Киев. Тој дури и го поканил украинскиот претседател Володимир Зеленски лично да му ги објасни условите што ги поставува Вашингтон. Во исто време, секретарот на армијата Ден Дрискол – универзитетски пријател на Венс – отпатувал во Киев, каде што му ги пренел ставовите на американската страна на Зеленски.
Од друга страна, државниот секретар Марко Рубио се обидел да ја „врати ситуацијата на вистинскиот пат“ барајќи компромис со украинското раководство, иако во исто време тврдел дека е „целосно надвор од линија“ во комуникацијата со Белата куќа.
Како што објавува „Економист“, Рубио нагласил дека клучните елементи на мировниот план ги изготвиле специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стивен Виткоф, и неговиот руски соговорник, Кирил Дмитриев. Самиот Виткоф подоцна потврди на Фејсбук дека планот е целосно резултат на работата на Соединетите Американски Држави.
ЗМедиумите потсетуваат дека изворите на Блумберг претходно изјавија дека администрацијата на Трамп сè повеќе врши притисок врз Киев што поскоро да склучи мировен договор со Москва, со цел да се стави крај на војната под услови што Вашингтон ги смета за прифатливи.
Овој раскол во самиот врв на американската администрација, според написите, јасно покажува дека САД сè уште бараат обединета позиција за тоа како да се стави крај на украинскиот конфликт – и под кои услови.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп: Нешто добро се случува
Американскиот претседател, Доналд Трамп, проговори за разговорите меѓу САД и Украина, кои се дел од мировниот план на САД за ставање крај на војната и руската агресија.
„Дали е навистина можно да се постигне голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина??? Не верувајте додека не го видите, но нешто добро можеби се случува токму сега. БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА!“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Коментарот на Трамп доаѓа по интензивните разговори меѓу американските и украинските делегации во Женева, како дел од план од 28 точки чија прва верзија предизвика критики во Киев и европските престолнини за одредби што беа исклучително поволни за Русија.
САД тврдат дека сегашниот нацрт се менува и „сè повеќе ги одразува украинските национални интереси“.

