Европа
(Видео) Се чини дека паѓа важен украински град, влегуваат Русите, објавени снимки
Се чини дека руските сили напредуваат кон нивната долгогодишна цел да го заземат стратешкиот украински град Часив Јар, според вчерашните извештаи од двете завојувани страни.
Часив Јар се наоѓа на рид на 20-ина километри западно од Бахмут, град што беше заземен од руските сили пред една година. Двете страни го гледаат како потенцијална почетна точка за рускиот напредок кон клучните градови Краматорск и Словјанск.
„Украинска правда“ цитира воен извор и блогер дека руските сили почнале со окупација на делот од градот покрај каналот.
Руските јуришни трупи продолжуваат да ја расчистуваат областа на каналот, објави руската 98. падобранска дивизија на „Телеграм“.
Since about June 3, the Russian military has been trying to accumulate in the outer houses of the Kanal neighborhood in Chasiv Yar. This is the part of the city closest to the occupied Bakhmut, the sources of @ukrpravda_news in the army tell. This town is strategic, and the… pic.twitter.com/33RuiLhlRt
— Iuliia Mendel (@IuliiaMendel) June 9, 2024
Видеото објавено од двете страни покажува како војници се пробиваат низ речиси уништените области на урбаниот центар и ги проверуваат зградите.
Претседателот Володимир Зеленски не го спомна Часив Јар во своето ноќно видеообраќање, но рече дека најтешкиот сектор за одбрана е областа околу градот Покровско на југозапад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан: Европејците сакаат да започнат војна, ние не сакаме да се бориме
Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави започнување на антивоена кампања, која ќе биде придружена со мировни собири низ цела Унгарија.
„Опасноста од ширење на војната е поголема од кога било. Европејците сакаат да започнат војна. И ние сме Европејци, но не сакаме да се бориме“, рече Орбан во видео порака емитувана од телевизискиот канал М1.
„Почнуваме антивоена кампања“, рече тој, додавајќи дека заедно со поддржувачите на мирот ќе одржи „серија антивоени акции“ низ целата земја. Според него, акциите ќе започнат на 15 ноември од градот Ѓер во северозападна Унгарија.
„Да му покажеме на целиот свет дека Унгарија не сака војна“, им се обрати Орбан на своите сонародници.
Тој потсети дека на 23 октомври во Будимпешта се одржаа Марш на мирот и антивоен митинг, на кој, според организаторите, се собраа 80.000 луѓе. „Мировниот марш беше фантастичен успех. Многумина од нас се изјаснија против војната и за мир. Ви благодариме на сите што бевте таму“, рече Орбан.
Се огласи и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој рече дека дефинитивно ќе се приклучи на антивоената кампања и ќе присуствува на митингот во Ѓер.
фото: принтскрин
Европа
Белгиски министер: Ќе ја срамниме Москва со земја ако го нападнат Брисел
Белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен, тврди дека НАТО ќе ја „срамни со земја Москва“ доколку Русија некогаш го нападне Брисел. Во опширно интервју, Франкен се осврна на низа итни стратешки прашања, вклучувајќи ја војната во Украина, европската одбрана и нуклеарното одвраќање, објави „The Brussels Times“.
Кога директно го прашаа дали се плаши дека рускиот претседател Владимир Путин може да започне конвенционален ракетен напад врз Брисел, неговиот одговор беше недвосмислен: „Не, бидејќи тогаш тој би го погодил срцето на НАТО, а потоа ние би ја срамниле Москва со земја“.
Франкен изрази силна поддршка за американското лидерство во рамките на НАТО и ја повтори својата доверба во Член 5, клаузулата за заемна одбрана што е основа на Алијансата.
На прашањето дали американскиот претседател Доналд Трамп би го почитувал Член 5, Франкен одговори потврдно. „Секако дека би го сторил тоа. Во Европа има многу предрасуди против американската влада. Зошто не би го почитувал Член 5?“

Франкен рече дека е повеќе загрижен за употребата на хибридно војување од страна на Русија отколку за заканата од конвенционален напад. „Крстосувачки проектил врз Брисел? Јасно е дека тоа би го активирало Член 5, без разлика која дефиниција ја користите. Путин нема да го стори тоа“, рече тој.
„Повеќе сум склон кон сценарио со сива зона: ‘мали зелени луѓе’ кои го поттикнуваат рускојазичното малцинство во Естонија против „нацистичкиот режим“. Пред да се свестите, тие анексираа дел од Естонија“, објасни министерот.
Министерот за одбрана не покажа ентузијазам за идејата за заедничка европска армија. Тој ги критикуваше поголемите европски земји за „максимизирање на сопствените пазари“ и праша како земјите кои во моментов не можат ниту да соработуваат во набавката на одбранбена опрема би можеле да ги интегрираат своите национални армии.
„Секој што верува во европска армија продава магла“, рече тој. „За среќа, го имаме НАТО, кој повторно ја докажа својата ефикасност со воздушната одбрана во Полска и Естонија“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Руски дрон се упати кон новинарска екипа, украински војник го собори со пушка
Во украинскиот град Константинивка руски ФПВ-дрон се обиде да нападне новинарска екипа, но бргу беше запрен од портпаролот на 24. бригада, објави украинската војска.
Инцидентот се случил додека новинар на холандскиот весник „Хет Недерландс Дагблад“ ги снимал урнатините на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, оштетена во претходните руски напади.
Додека екипата ја документирала штетата, руски дрон одеднаш се упатил кон нив. Портпаролот на 24. бригада, Олег Петрасјук, ја забележал заканата и пукал од својата пушка. По неколку истрели, тој успеал да го собори дронот.
Целиот инцидент е снимен и на видео, кое го прикажува моментот кога Петрасјук го забележува и го соборува дронот до оштетената црква.
фото: принтскрин

