Свет
(Видео) Силни бранови го погодија Сиднеј: „Никогаш не сум видел такво нешто“
Брегот на Сиднеј беше погоден од силни бранови, што доведе до поплави во станбени згради и оштетување на инфраструктурата, соопштија денеска официјални лица.
Во јужниот дел на Сиднеј неколку куќи беа евакуирани околу полноќ кога брановите навлегоа во крајбрежната област, изјави портпаролот на службата за вонредни ситуации на Нов Јужен Велс, Ендрју Едмундс, пренесе АП.
Massive swells smash windows at Sydney's Bondi Beach https://t.co/9qoVVGoVLO
— BBC News (World) (@BBCWorld) April 2, 2025
На плажата Бонди бранови високи 5,5 метри оштетија згради покрај брегот.
Во еден од комплексите со базен, сала за вежбање и ресторан искршени се прозорци и стаклени врати.
„Ова е застрашувачко. Јас сум член веќе 50 години и никогаш не сум видел нешто слично. Силата на водата беше неверојатна“, изјави генералниот директор на клубот, Боб Тејт, додавајќи дека се оштетени 15-ина стаклени панели на палубата на базенот, како и подот и ѕидните тела.
На плажата Кронула бранови високи четири метри ги оштетија пешачката патека и електричната инфраструктура, изјави спасителот Стив Винер.
Властите предупредија на континуирани опасни временски услови, вклучително и тешка ерозија на крајбрежјето и можна дополнителна штета од регионот Илавара јужно од Сиднеј до регионот Хантер на север.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Војник облечен како Дедо Мраз со руско знаме на снимка од Мирнохрад – спротивставени тврдења за контролата на градот
Украинските и руските сили објавуваат спротивставени тврдења за контролата врз Мирнохрад, град на првата линија на фронтот североисточно од Покровск. Додека Киев тврди дека ги држи клучните позиции, Москва шири видеа на кои се гледаат руски војници како креваат знамиња во уништени делови од градот, пренесува „Киев Индепендент“.
Украинската армија соопшти дека и понатаму контролира важни точки во Мирнохрад и оцени дека руските видеа се дел од пропагандни акции наменети за домашната публика. Како доказ беа објавени снимки од борбени операции во областа.
Од друга страна, руските државни медиуми и онлајн канали објавуваат видеа на кои наводно се гледаат руски војници како поставуваат знамиња, меѓу кои и снимка со војник облечен како Дедо Мраз. Украинската страна признава дека имало изолирани случаи на тајна инфилтрација на руски групи во централните делови на градот.
🇺🇦🇷🇺 Russian Santa Claus took Myrnohrad and waves the Russian flag pic.twitter.com/OhWQRWcXE1
— Lord Bebo (@MyLordBebo) December 27, 2025
Мирнохрад е сателитски град на Покровск, стратешки важен пункт во Донецката област, каде со месеци траат жестоки борби. Украинскиот Генералштаб ги отфрли руските тврдења за целосна окупација, оценувајќи ги како дел од дезинформациска кампања.
Свет
Имав продуктивен разговор со Путин, рече Трамп пред состанокот со Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека имал добар и многу продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Соопштението доаѓа пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која е закажана да се одржи подоцна денес во резиденцијата на Трамп во Мар-а-Лаго во Флорида.
Портпаролот на рускиот лидер, Дмитриј Песков, ја потврди оваа информација за државните новински агенции, но без да даде дополнителни детали.
Фото: Depositphotos
Свет
Трамп: ОН не направи ништо за да помогне со катастрофата во Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес на својата социјална мрежа „Тру соушал“ објави дека им честита на лидерите на Тајланд и Камбоџа за постигнатото примирје, кога двете земји се согласија во саботата да ги прекинат неколкудневните гранични конфликти.
Во соопштението, Трамп остро ги критикуваше Обединетите нации, наведувајќи дека организацијата „многу малку помогнала“ во решавањето на глобалните конфликти, додека особено ја истакна „катастрофата што моментално се случува меѓу Русија и Украина“.
„Обединетите нации мора да почнат да стануваат активни и вклучени во светскиот мир!“, рече Трамп.
Се очекува Трамп подоцна денес во својот дом во Мар-а-Лаго да разговара за рамката за мировен договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

