Свет
(Видео) Сириската армија зазеде важна територија во близина на израелската граница
Сириската војска пред два дена презеде контрола врз стратешки важна територија што гледа кон Голанската висорамнина под израелска окупација.
Имено, армијата ја презела контролата врз ридот Ал-Хара на вториот ден од офанзивата чија цел е заземање на деловите од југозападна Сирија кои се во рацете на бунтовниците и се наоѓаат на границата со Израел, објавија државните медиуми.
Ридот Ал-Хара на кој е поставен противвоздушен радар, падна во рацете на бунтовниците во октомври 2014 година. Медиумите објавија фотографија по ослободувањето.
Два дена пред освојувањето, Ал-Хара беше жестоко бомбардиран од страна на руската и сириската војска, а претходно сириската армија се приближуваше кон израелската граница, заземајќи поголем дел од провинцијата Дaра.
Израел објави дека нема намера да се меша во офанзивата на сириските воени сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.