Европа
(Видео) Сите му аплаудираа – Зеленски пред британскиот Парламент: „Не сакаме да ја изгубиме нашата земја“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видеоврска им се обрати на британските пратеници во долниот дом на Парламентот. Обраќањето беше наречено историско.
Тој на почетокот истакна дека им се обраќа на сите луѓе во Велика Британија, земја со богата историја.
„Би сакал да ви кажам за 13 дена војна, војна што ние не ја почнавме и ме ја посакувавме. Не сакаме да го изгубиме тоа што го имаме, нашата земја. Исто како што не сакавте да ја изгубите Британија кога ве направија нацистите. Првиот ден кога бевме нападнати од крстосувачки ракети, се разбуди целата земја. И оттогаш не спиевме“, рече Зеленски.
?Britanski zastupnici u Donjem domu parlamenta ustali su na noge kako bi aplaudirali ukrajinskom predsjedniku Vlodomiru Zelenskom usred ruske invazije na njegovu zemlju ⤵️ #VlodomyrZelenskyy #UkraineRussianWar #BREAKING pic.twitter.com/3ApF3c42ij
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) March 8, 2022
Тој посочи дека нападите врз болниците и цивилите не ги обесхрабриле.
„Руски ракети го погодија ‘Бабин Јар’, меморијалниот центар на холокаустот. Црквите и болниците беа уништени со бомбардирање. Осмиот ден руски тенкови ја нападнаа нуклеарната централа ‘Запорожје’. Сите мора да разберат дека ова не е напад само на Украина, туку на целиот свет“, рече Зеленски.
За време на обраќањето, тој според написите на агенциите изнесе застрашувачки информации.
„Руските окупатори не дозволуваат храна и вода и луѓето почнаа да паничат. Убиени се повеќе од 50 деца. Тоа се деца што можеа да живеат, но овие луѓе ни ги одзедоа“, рече претседателот на Украина.
Кажа дека нема да се откаже.
„Нема да се предадеме и нема да загубиме. Ќе се бориме до крај за нашата држава, на небо, земја, полиња, брегови, улици, реки. Ве молиме, помогнете, помогнете им на цивилизираните држави. Многу сум ти благодарен, Борис. Зголемете ги санкциите против Русија и признајте ги како терористи. Ве молиме, погрижете се нашето небо да биде безбедно“, заклучи Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

