Свет
(Вознемирувачко видео) Смртоносно стампедо на аеродромот во Кабул, најмалку седуммина загинати
Во страшна гужва на аеродромот во Кабул, во стампедо загинале најмалку седум луѓе, покажуваат снимките направени од новинарите вчера додека илјадници луѓе очајно се обидуваат да избегаат.
На снимката од британската информативна мрежа „Скај њуз“ се гледа како војници со бела ткаенина покриваат безживотни тела. Не е јасно како загинале.
Новинарот Стјуарт Ремзи, кој беше на аеродромот, рече дека луѓето што стоеле пред толпата биле „здробени“ и дека лекарите трчаат од еден повреден на друг. Гледајќи ги снимките, може да се процени дека бројот на повредени е голем.
Ремзи рече дека луѓето се дехидрирани и исплашени. Неговиот тим ги сними војниците како прскаат луѓе со црево за наводнување, велејќи дека користат се за да ги освежат. Со оглед на хаосот што владее, тој оцени дека смртните случаи се неизбежни.
„ Утрата се секогаш предизвикувачки на барикадите. Британските војници знаат дека по ноќта во која илјадници луѓе чекаат повторно да започне евакуацијата, ќе започне стампедо на патот што води кон базата, луѓето ќе се обидат да се пробијат. Секое утро е така. Но, денес беше поинаку, многу поинакво. Во еден момент стана хаотично. За само неколку минути војниците мораа да ги спасат животите на овие луѓе. Некои луѓе беа здробени, падобранците почнаа да ги извлекуваат луѓето од хаосот, лекарите брзаа од жртва на жртва. Луѓето беа смачкани, дехидрирани, исплашени “, ја опиша Рамзи ситуацијата што преовладуваше.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

