Свет
(Видео) Сопственик на луксузен комплекс срушен во земјотресот фатен при обид да избега од Истанбул
Разорни земјотреси ги погодија јужниот дел на Турција и Сирија во понеделникот, а според последните податоци, повеќе од 22.300 луѓе загинаа кога се урнаа станбените згради во кои престојуваа луѓе.
Една од зградите која е целосно срамнета со земја е новоизградениот комплекс „Ренесанс резиденс“ во Хатај, а турските медиуми јавуваат дека нејзиниот инвеститор бил уапсен на аеродромот при обид да побегне од земјата.
Имено, Мехмет Јашар Ќоскун бил фатен на аеродромот во Истанбул откако се обидел да побегне, бидејќи по уривањето на комплексот, против него и неговиот брат Хусеин Јалчин Ќоскун била покрената истрага, а по нив била распишана потерница, пренесе турскиот портал Ахабер.
Hatay’daki depremde yıkılan Rönesans Rezidans’ın müteahhidi Mehmet Yaşar Coşkun’un, bu akşam Kanada’ya kaçacağı öğrenildi. pic.twitter.com/QyxYdteMpc
— Pusholder (@pusholder) February 10, 2023
Според порталот, во зградата имало дури 250 станови во кои живееле вкупно околу 1.000 луѓе.
На социјалните мрежи е објавено видео од апсењето на Мехмет Јашар Ќоксун, кој е фатен на аеродромот во Истанбул.
Комплексот кој беше погоден од земјотресот, беше прикажан како еден од најлуксузните згради во Хатај, а неговата изградба е завршена во 2012 година.
По земјотресот бил срамнет со земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пукање во Мичиген: убиен 17-годишник, седуммина повредени
17-годишен тинејџер е убиен, а седум лица се повредени во пукотница што се случила во Лансинг во американската сојузна држава Мичиген, соопшти полицијата.
Полицијата Ленсинг реагирала на инцидентот што се случил во центарот на градот околу 2 часот и 50 минути по полноќ, се наведува во соопштението, пренесе „УСА Тудеј“.
Кога полицајците пристигнале, пронашле голем број луѓе и повеќе жртви од огнено оружје, соопшти полицијата. Противпожарната служба Ленсинг реагираше и пренесе неколку повредени во локалната болница.
Полицијата соопшти дека седум лица на возраст меѓу 15 и 20 години се здобиле со прострелни рани, а 17-годишен тинејџер починал во локалната болница.
Најмалку едно лице е во критична состојба, се вели во соопштението.
Истрагата за инцидентот е во тек, соопшти полицијата.
Свет
(Видео) На авион му откажал моторот, пилотот спречил трагедија во Австралија
Драматично видео е снимено во Австралија, а го прикажува моментот кога на помал авион му откажал моторот, а пилотот со чудесен маневар ја избегнал трагедијата.
Инцидентот се случил во Нов Јужен Велс, додека авионот принудно слетал на аеродромот Бенкстаун.
„Помош, имаме проблем со моторот“, рекол пилотот преку радио.
„Примено, доаѓа помош. Сите писти ќе бидат достапни“, одговориле од контролната кула.
Хеликоптерот ја изгубил висината, и ги избегнал покривите на куќите, врвовите на дрвјата и зградата на аеродромот.
Пред да застане на тревата, лизгал неколку метри по асфалтот, пренесува „News.com.au“.
Аеродромските служби и итните служби брзо реагирале, а е снимен моментот кога пилотот и копилотот неповредени излегле од кабината.
Детална истрага за инцидентот ќе врши Дирекцијата за безбедност на цивилното воздухопловство.
Свет
Кинеската индустрија ќе бара проверка на увозот на свинско месо од ЕУ
Кинеските компании имаат намера да побараат од владата антидампинг истрага за увоз на некои свински производи од Европската унија, пишува државниот „Глобал Тајмс“, повикувајќи се на неименуван извор од деловни кругови.
Извештајот е објавен на платформата Х и во онлајн изданието, без да се наведат детали, пишувааљт медиумите во регионот.
Информациите на изворот за барањето антидампинг давачки за увоз на свинско месо од ЕУ се совпаднаа со зголемените трговски тензии меѓу Европската унија и Кина. ЕУ отвори истрага за увоз на повеќе производи од Кина за да ја заштити домашната индустрија, користејќи за првпат овластувања за проверка на кинеските тендери.
Брисел на тој начин го подготвува теренот за ретроактивни царини за кинеските електрични автомобили, а исто така го проверува увозот на соларни панели и производи од челик, пиѓува медиумот.
Лиу Бин, главен експерт на кинескиот центар за автомобилска технологија и истражување (CATARC) и заменик-директор на Кинескиот истражувачки центар за автомобилска стратегија и политика, изјави за „Global Times“ минатата недела дека Кина треба да ги зголеми тарифите за увоз на големи автомобили од 15 на 25 проценти.