Европа
(Видео) Со нож ја избол сопругата пред нивната ќерка, за време на потерата повредил и двајца полицајци
Државјанка на Романија (42) била избодена до смрт од сопругот со ирачко потекло во стан во Линц пред очите на нивната 11-годишна ќерка.
Откако ја нападнал, тој побегнал.
GTA Linz pic.twitter.com/SykjRqgUig
— !? (@2rn66) January 9, 2023
Жената повикала полиција и кажала дека сопругот ѝ нанел неколку убоди со нож во стомакот.
Полицијата веднаш дошла во нивниот стан во Линц, каде што го пронашла ножот со кој ја избол сопругот.
Романката во полиција изјавила дека нејзиниот сопруг возел бело комбе, но украл црн „пасат“, со кој успеал непречено да помине неколку полициски патроли.
Четири часа подоцна полицијата добила уште еден повик. Љубоморниот сопруг отишол на работа и му се заканувал со нож на нејзин колега кого го обвинил дека имал афера со неговата сопруга.
Потоа побегнал, а на 4,7 километри, на Ларнхаузервег, Ирачанецот се возел со црн пасат кон двајца полицајци, кои стоеле на тротоарот, пишува Liberteo.ro.
Притоа двете млади момчиња во униформа биле тешко повредени. Ирачанецот потоа излегол од возилото, зел пиштол од еден полицаец, а потоа со него се заканил на друг службеник и на случајни минувачи. На крајот, украл автомобил од друг возач и повторно побегнал.
Ирачанецот при бегството направил уште една сообраќајна несреќа кога се судрил со сиво комбе, кое се обидел да го украде. За среќа, возачот на комбето успеал да побегне.
Потоа се упатил кон хотел, каде што стоела полицијата, и почнал да пука во нив.
Еден од полицајците пукал во него, при што Ирачанецот застанал, го ставил пиштолот на земјата и се предал.
Во меѓувреме, властите соопштија дека Ирачанецот бил во Австрија од 2011 година, а во земјата престојувал легално. Објавија и дека има криминално досие и е осуден за насилство врз сопругата.
Тој се товари за обид за убиство и за вооружен грабеж.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

