Свет
(Видео) Спасена 21-годишна девојка, ИСИС ја киднапиралa кога имала 11 години, сега е ослободена во Газа: „Хамас сексуално ме малтретира“
Израелската војска (ИДФ) вчера објави дека е спасена 21-годишната девојка, која беше заробена од Хамас во Газа повеќе од една деценија, по киднапирањето од ИСИС во Ирак. ИДФ вели дека тоа била сложена операција координирана со САД и други меѓународни актери.
Фавзија Амин Сидо изјави за Си-ен-ен дека ИСИС ја киднапиралa како дете во август 2014 година кога групата го освоила градот Синџар во северен Ирак. ИСИС егзекутира мажи и момчиња и изврши сексуално насилство и силување врз жени и девојчиња, меѓу другите злосторства.
Fawzia, a Yazidi girl kidnapped by ISIS from Iraq and brought to Gaza at just 11 years old, has finally been rescued by the Israeli security forces.
For years, she was held captive by a Palestinian Hamas-ISIS member.
She has now been reunited with her family. Her story is a… pic.twitter.com/nkVotqYdov
— David Saranga (@DavidSaranga) October 3, 2024
Сидо рече дека потоа била прошверцувана на разни локации во неколку земји во следните неколку години.
„Завршивме во кампот Ал Хол (во Сирија) пред да бидеме прошверцувани во Идлиб во 2019 година, а од таму отидовме во Турција. Во 2020 година ми договорија пасош во Турција за да можам да летам од Истанбул до Хургада, Египет, а потоа до Газа“, рече таа.
𝐀𝐟𝐭𝐞𝐫 𝐦𝐨𝐫𝐞 𝐭𝐡𝐚𝐧 𝐚 𝐝𝐞𝐜𝐚𝐝𝐞 𝐢𝐧 𝐜𝐚𝐩𝐭𝐢𝐯𝐢𝐭𝐲 𝐢𝐧 𝐆𝐚𝐳𝐚, 𝐚 𝟐𝟏-𝐲𝐞𝐚𝐫-𝐨𝐥𝐝 𝐘𝐚𝐳𝐢𝐝𝐢 𝐰𝐨𝐦𝐚𝐧 𝐡𝐞𝐥𝐝 𝐛𝐲 𝐚 𝐇𝐚𝐦𝐚𝐬 𝐭𝐞𝐫𝐫𝐨𝐫𝐢𝐬𝐭 𝐚𝐟𝐟𝐢𝐥𝐢𝐚𝐭𝐞𝐝 𝐰𝐢𝐭𝐡 𝐈𝐒𝐈𝐒 𝐰𝐚𝐬 𝐫𝐞𝐬𝐜𝐮𝐞𝐝 𝐚𝐧𝐝 𝐫𝐞𝐭𝐮𝐫𝐧𝐞𝐝 𝐭𝐨 𝐡𝐞𝐫…
— Israel Defense Forces (@IDF) October 3, 2024
Таа за Си-ен-ен изјави дека останала една година во Рафа, во јужниот дел на Газа, каде што животот бил неподнослив, раселувајќи се често од избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас во октомври 2023 година до вторникот кога била спасена, рече таа.
„Хамас постојано ме злоупотребуваше поради моето потекло и контакт со моето семејство, дури и отиде дотаму што го форматира мојот телефон за време на нивните истраги“, рече таа.
„Во сложена операција координирана меѓу Израел, САД и другите меѓународни актери,таа неодамна беше спасена во тајна мисија од Појасот Газа преку преминот Керем Шалом. По влегувањето во Израел, таа продолжила за Јордан преку преминот, мостот „Аленби“, и од таму се вратила кај своето семејство во Ирак“, соопшти вчера ИДФ.
ИДФ соопшти дека нејзиниот киднапер бил убиен, „веројатно за време на напад на ИДФ“ во Газа, што ѝ овозможило да избега и да се скрие.
Фавзија не го спомна нападот кога зборуваше за Си-ен-ен. Таа само рече дека во Рафа ја спасила невладина организација, на чие име не може да се сети. „Од таму ме одведоа американските власти и ми помогнаа да се вратам во Багдад“, рече таа.
САД и Ирак потврдија дека се координирале за да помогнат во евакуацијата на девојчето од Газа.
„Контактирани сме од ирачката влада, која била запознаена со фактот дека девојакта побегнала, дека е жива и дека сака да се врати дома кај своето семејство“, изјави вчера портпаролот на американската влада, Метју Милер.
„Владата на Ирак побара од нас да направиме сè што можеме за да ја извлечеме од Газа и да ја вратиме дома. Така, работевме со голем број наши партнери во регионот во последните неколку недели за да ја извлечеме од Газа“, рече Милер.
Ирачкото Министерство за надворешни работи соопшти дека Сидо била ослободена по повеќе од четири месеци напори на ирачките владини агенции, кои работеле со американските и јорданските власти.
Израелскиот дипломат Дејвид Саранга објави видео на кое се гледа средбата меѓу девојчето и членовите на нејзиното семејство. Саранга рече дека нејзиниот киднапер бил палестински член на Хамас – ИСИС.
„Нејзината приказна е потсетник на бруталноста со која се соочуваат децата езиди (етнорелигиозна група Курди), преземена без избор“, напиша Саранга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

