Свет
(Видео) Спречен терористички напад во Русија: украински дронови соборени во Црното Море
Руските сили синоќа спречија нов обид на режимот во Киев да изврши терористички напади со помош на дронови на територијата на Руската Федерација, јавува руското Министерство за одбрана.
Благодарение на системите за противвоздушна одбрана, украински дрон е уништен над Црното Море во близина на југоисточниот брег на полуостровот Крим, прецизира Министерството за одбрана.
Тоа не беше единствениот напад, Киев се обиде да изврши терористички напад во Краснодарската област, но руските системи за противвоздушна одбрана навреме реагираа и го спречија нападот соборувајќи уште еден дрон.
🔥BREAKING 🔥
⚡️Ukrainian Armed Forces conducting ONE OF THE MOST MASSIVE drones attack on Crimea.
Residents of several cities report about explosions and the sound of flying UAVs.
‼️DEMILITARISATION OF CRIMEA CONTINUES ! pic.twitter.com/NPj3pMSdfN
— Cloooud |🇺🇦 (@GloOouD) September 20, 2023
Вооружените сили на Украина редовно ги таргетираат пограничните територии на Русија, користат беспилотни летала и организираат саботажа. Затоа, жолто (високо) ниво на терористичка закана е во сила во регионите Брјанск, Курск и Белгород, како и на Крим.
Украинските власти почесто и похрабро прибегнуваат кон терористички методи, изјави претходно портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, и објасни дека тоа се должи на очигледно неуспешната контраофанзива на Вооружените сили на Украина, која е великодушно спонзорирана од САД и други земји на НАТО.
Захарова додаде дека теророт што го користи режимот во Киев дополнително ја влошува украинската криза и ги одложува изгледите за нејзино мирно решавање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

