Свет
(Видео) „Тајм“ првпат избра дете на годината

Откако постои магазинот „Тајм“, речиси 100 години, првпат оваа година прогласи дете на годината. Избрана е 15-годишната Гитанџали Рао, научник и иноватор од државата Колорадо во САД.
Како што наведува магазинот, таа е дете на годината, која имала најголемо влијание на светот во 2020 година. „Тајм“ овој избор го направил во конкуренција од 5.000 млади Американци од 8 до 16 години.
Во најтесниот избор влегле пет деца, кои се нашле во магазинот со своите приказни. Преку апликацијата „Зум“, Гитанџали Рао направила интервју со познатата холивудска актерка Анџелина Џоли.
Meet TIME’s first-ever Kid of the Year https://t.co/o9Q5D0oUTH pic.twitter.com/BKTwPyx0R0
— TIME (@TIME) December 6, 2020
Рао има само 15 години, промовира користење технологија за решавање на проблемите, почнувајќи од загадената вода за пиење до зависностите од опојни дроги и малтретирањето на интернет. Нејзините идеи поттикнуваат создавање глобална заедница на млади иноватори за решавање на проблемите во светот.
„Не обидувајте се да го решите секој проблем, фокусирајте се на оној што најмногу ве интересира. Кога бев трето одделение, почнав да размислувам за тоа како можеме да ги користиме науката и технологијата за создавање социјални промени“, истакна Рао.
Таа додала дека имала само 10 години кога на родителите им соопштила дека сака да ја истражува технологијата на јаглеродниот дикосид и неговите соединенија во истражувачка лабораторија за квалитет на водата во Денвер.
Ова не е првпат малолетно лице да добие простор во магазинот „Тајм“. Минатата година тоа беше 17-годишната Грета Тунберг, активистката за климатски промени од Шведска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американскиот федерален суд нареди администрацијата на Трамп да им исплати помош на странските корисници

Федерален судија во Вашингтон денеска и нареди на администрацијата на Трамп да ги исплати средствата за помош на странските корисници според претходните договори и примателите на грантови до среда во 23:59 часот по локално време, истакнувајќи дека нема знаци дека владата презела какви било чекори за да се усогласи со претходната наредба за одмрзнување на средствата.
Одлуката на американскиот окружен судија Амир Али уследи по тужбата поднесена од организации кои склучиле договори за помош со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и Стејт департментот, објави Ројтерс.
Оваа одлука се однесува на работи извршени пред 13 февруари.
Свет
Прекин на струја зафати големи делови од Чиле

Големи делови од Чиле денеска беа без струја, од северот на земјата, каде што се наоѓаат рударските центри, до централните и јужните региони каде живее најголем дел од населението, вклучувајќи го и главниот град Сантијаго, соопштија властите.
Ескондида, најголемиот рудник за бакар во светот, ја загуби моќта, изјави за Ројтерс извор запознаен со ова прашање.
Од рудникот Антофагаста соопштија дека тој работи со помош на резервен генератор на струја.
Регион
Полицијата го тресе граѓанскиот сектор во Белград

Невладината „Граѓански иницијативи“ соопштува дека полицијата се уште е присутна во нивните простории и дека претресот влегол во 10-ти час.
Во текот на денот, полициските службеници беа во постојан контакт со Обвинителството и побараа повеќе од 100 документи поврзани со проектот на УСАИД, иако Граѓанските иницијативи располагаат само со пет проценти од буџетот за еден проект на УСАИД, се вели во соопштението.
Како што се посочува, оваа акција доаѓа по повеќенеделни медиумски најави на провладините таблоиди и режимски медиуми дека ќе се водат истраги против граѓански организации кои добиваат меѓународна финансиска поддршка.
Ваквиот наратив, кој со години се користи за дискредитирање на организациите кои се занимаваат со владеење на правото, демократијата и заштитата на човековите права, сега е преточен во конкретни институционални потези, кои јасно ја загрозуваат слободата на здружување и дејствување, се наведува во соопштението.
Граѓанските иницијативи укажуваат дека меѓународните документи кои ја гарантираат слободата на здружување, како што се Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Европската конвенција за човекови права, јасно дефинираат дека државите не смеат да користат репресивни мерки за ограничување на работата на граѓанските организации.