Свет
(Видео) Убиец избега од американски затвор: „Одеше како рак по ѕидот“

Минатата недела осуден убиец избега од затвор во Пенсилванија. Данело Кавалканте (34) се качил меѓу два ѕида држејќи се за нив со рацете и нозете, а начинот на кој се качувал американските медиуми го опишаа како „одење на рак“.
Ова е огромен неуспех на овој американски казнено-поправен дом, со оглед на тоа дека на почетокот на годинава уште еден затвореник побегнал од затворот на ист начин. Вработени во затворот рекле дека жилет-жица била поставена по претходното бегство, но дека таа очигледно била неефикасна.
Newly released video shows convicted murderer Danelo Cavalcante escape from the Chester County Prison exercise yard in Pennsylvania on August 31. He shimmys up the wall backwards. pic.twitter.com/Hh14NrxdiU
— Brian Entin (@BrianEntin) September 6, 2023
Вршителот на должноста управник на затворот во округот Честер, Хауард Холанд, на прес-конференција рече дека затворот ангажирал безбедносни консултанти по бегството на Игор Болте на 19 мај, кој на полицијата ѝ рекол дека неговото искуство со качување по карпи му помогнало да избега.
„Иако верувавме дека нашите безбедносни методи се доволни, се докажа спротивното. И сега бргу ќе преминеме на понапредни безбедносни мерки“, рече Холанд.
Видеото објавено од затворот го покажува Кавалканте како „оди по ѕидот, низ жицата“, додаде Холанд, ставајќи ги рацете на едниот ѕид, а нозете на другиот ѕид за да се искачи. Кога стигнале до покривот, и двајцата затвореници можеле да се спуштат по скалата до нечуваниот дел од затворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Новинар: Како се справувате по смртта на Кирк? Трамп: Многу добро, градиме сала за бал

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк, беше уапсен во четврток навечер и јавно идентификуван во петок.
Тој беше уапсен во четврток навечер околу 22 часот по локално време по 33-часовна потера, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше прашан од новинарите пред Белата куќа како се чувствува.
„Господине претседателе, мое сочувство. Мое сочувство за загубата на вашиот пријател Чарли Кирк. Како се справувате во последниот ден и половина, господине?“, го праша новинарот Трамп.
„Мислам, многу добро. Патем, ги гледате ли сите тие камиони таму? Тие штотуку почнаа со изградба на новата балска сала за Белата куќа, што е нешто што се обидуваат да го добијат, знаете, околу 150 години. И ќе биде прекрасна. Апсолутно величествена градба. Само што почнавме, па ќе биде многу убаво завршена. И всушност ќе биде една од најдобрите во светот“, одговори Трамп.
“My condolences on the loss of your friend Charlie Kirk. How are you holding up?” – Reporter
“I think very good. And by the way, you see all the trucks? They just started construction of the new ballroom for the White House.” – Donald Trump
— Spencer Hakimian (@SpencerHakimian) September 12, 2025
Чарли Кирк, 31, беше контроверзна фигура во американската политика, која многумина ја сметаат за иднината на конзервативизмот поради неговата способност да ги мотивира младите луѓе. Тој беше клучен организатор во коалицијата МАГА на Доналд Трамп и помогна Трамп да се врати во Белата куќа за втор мандат.
Кирк беше силен застапник на правата за оружје, жестоко се спротивставуваше на абортусот, ги критикуваше правата на трансродовите лица и промовираше лажни тврдења за Ковид-19. Неговите ставови предизвикаа поларизација на универзитетите, каде што неговите провокативни говори привлекоа и бројни поддржувачи и гласни противници.
Свет
Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк.
По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ како електричар-приправник.
Истрагата за убиството открила пушка со чаури на кои биле гравирани пораки – од антифашистички слогани и стихови од „Бела чао“ до интернет мемиња. Семејството признало дека во последно време станал политички поактивен и отворено критичен кон Кирк.
Пријателите и соседите сепак го опишуваат како тивок, повлечен и голем љубител на видео игри, без претходни проблеми со законот. Робинсон бил уапсен откако неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата и го убедил да се предаде.
Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.