Европа
(Видео) Украина гради ѕид на смртта со 42.000 змејски заби, долг е 1.000 километри
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека армијата на Киев гради одбранбена линија долга повеќе од 1.000 километри.
По средбата со воените лидери, Зеленски на својот канал на „Телеграм“ објави дека украинскиот премиер Денис Шмихал известил за „темпото на изградба на нови одбранбени линии“, кои ќе поминат приближно 1.000 километри преку три одбранбени линии. Според украинскиот лидер, зајакнувањето на одбранбените позиции на Киев „е огромна задача, но темпото засега е добро“.
„Сметам на навремено завршување“, додаде Зеленски.
Украина работи на прегрупирање и надополнување на силите откако Русија ја постигна својата прва голема победа на бојното поле по неколку месеци бркајќи ги силите на Киев од Авдиивка минатиот месец и туркајќи го источниот фронт понатаму на украинска територија.
Шмихал во јануари објави дека украинската влада потпишала дополнителни 455 милиони долари за „изградба на инженерско-технички и фортификациски конструкции, соодветна опрема и системи на неексплозивни бариери“.
Британското Министерство за одбрана во извештајот на разузнавањето во неделата соопшти дека Украина речиси сигурно ја забрзала изградбата на своите одбранбени позиции. „Мерките вклучуваат противтенковски змејски заби и ровови, пешадиски ровови, мински полиња…“, објави британското разузнавање.
„Многу е веројатно дека проширувањето на одбранбените линии ќе ја намали способноста на Русија да напредува или да ги искористи тактичките придобивки како дел од нејзините тековни офанзивни операции“, додаде британското Министерство за одбрана.
Портпаролот на воената група Тавриск во источниот дел на Украина во петокот на националната телевизија изјави дека условите околу Авдиивка се стабилизирале и дека руското напредување е запрено.
„Волстрит џурнал“ минатата недела објави дека Украина работи на зајакнување на своите одбранбени позиции во очекување на руска офанзива напролет повикувајќи се и на западните и на украинските официјални лица. Според украинскиот командант Максим Жорин, киевските трупи градат ровови и противтенковски пречки за да ги одбијат руските напади.
Украинскиот копнеен командант, генерал-полковник Олександар Павлиук, рече дека Киев работи на стабилизирање на линијата на фронтот и подготовка за сопствена контраофанзива подоцна оваа година.
Украинското Министерство за одбрана на социјалните мрежи објави серија фотографии и видеа од изградбата т.н. ѕид на смртта, кој се состои од противтенковски пречки, подземни бункери, утврдени ровови, бетонски стапици, змејски заби…
Одбраната што ја градат Украинците потсетува на руската брутална линија Суровикин, огромен комплекс од утврдувања и мински полиња изградени од поранешниот генерал Сергеј Суровикин, што ја прекина големата украинска контраофанзива минатата година.
Според западните медиуми, украинската одбрана се состои од дури 42.000 змејски заби.
„Навистина, денес градиме утврдувања во целата наша земја. Во регионот на Запорожје градиме утврдувања заедно со армијата. Некои се изградени од армијата, а некои од цивилни изведувачи, каде што е можно. Тие се состојат од голем број компоненти почнувајќи од противтенковски ровови, змејски заби… сè што може да го забави или запре минувањето на непријателските возила“, изјави началникот на регионалната државна управа на Запорожје, Иван Федоров.
„Се обидуваме да ги подобриме одбранбените капацитети, така што престојот на нашата армија не само што е безбеден туку и удобен при извршувањето на борбените мисии“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.

