Свет
(Видео) Украинскиот претседател се обрати до народот: Одреден е датумот на нападот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија ќе изврши напад врз земјата во среда.
„ Големи луѓе на голема земја! Нашата земја се соочуваше со сериозни надворешни и внатрешни предизвици кои бараат одговорност, доверба и конкретни активности од мене и секој од нас“, рече Зеленски во видеото на Фејсбук.
„Ни се заканува голема војна и датумот на воената инвазија е уште еднаш одреден. Ова не е првпат. Но, нашата држава денес е посилна од кога било. Ние се залагаме за мир и сакаме сите прашања да ги решаваме исклучиво преку преговори. И Донбас и Крим ќе се вратат во Украина. Само на дипломатски начин. Ние не гледаме во другите, но не го даваме своето. Имаме неверојатна армија. Нашите момци имаат уникатно борбено искуство и модерно оружје. Ова е посилна армија од пред осум години. Ние сме уверени во нашите вооружени сили и нашата армија треба да ја почувствува нашата поддршка, нашето единство. Основата на нашата армија е довербата во сопствениот народ и силната економија“, рече тој.
Како што рече, им било кажано дека 16 февруари ќе биде денот на нападот.
„Од тој ден ќе направиме ден на единството. Указот е веќе потпишан. Попладнево ќе закачиме национални знамиња, ќе ставиме сини и жолти ленти и ќе му покажеме на светот нашето единство. Имаме една голема европска аспирација. Сакаме слобода и подготвени сме да гласаме за неа. 14.000 бранители и цивили кои загинаа во оваа војна не гледаат од небо. И нема да ги изневериме. Сите сакаме да живееме среќно, а среќата ги придружува храбрите. Никогаш не би можеле да се откажеме и нема да го научиме тоа. Сакајте ја Украина! Ние сме во мир! Ние сме силни! Заедно сме!“, порача Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија Кан и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ниту Тел Авив сè уште официјално не ги коментирале тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.
Европа
Русија очекува да се договори за датум за третата рунда мировни преговори со Украина

Русија очекува да се договори за датум за третата рунда мировни преговори со Украина следната недела, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Функционерот на Кремљ, Владимир Медински, кој ја предводи руската делегација, е во контакт со својот украински колега, изјави Песков.
Обновувајќи ги разговорите по повеќе од три години, двете страни се сретнаа лице в лице во Истанбул на 16 мај и на 2 јуни, што доведе до серија размени на затвореници и враќање на телата на загинатите војници.
Сепак, не е постигнат никаков напредок кон прекин на огнот за кој Украина се залага со поддршка од Западот. Русија вели дека сака конечно решение, а не само пауза во борбите, и инсистира на територијални и други барања за кои Украина вели дека би значеле капитулација.
Конфликтот се интензивира во последните неколку недели, при што Русија изврши некои од своите најтешки воздушни напади во војната, а Украина користеше беспилотни летала за да ги изненади воздушните бази и ѝ нанесе голема штета на руската флота бомбардери способни да носат нуклеарно оружје.