Свет
(Видео) Украински напад со беспилотни летала на Русија: нападната е и Москва, има и жртви
Украина синоќа изврши масовен напад со беспилотни летала на неколку руски региони, меѓу кои Брјанск, Москва, Тула, Калуга, Белгород, Курск, Орел, Воронеж, како и во регионот Краснодарски крај.
Гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов, изјави дека едно момче (9) е убиено, а уште тројца цивили се повредени во напад со беспилотно летало во градот Раменскоје, град што се наоѓа на 46 километри југоисточно од Москва.
Украина сѐ уште не го коментира нападот.
🇺🇦🇷🇺🚨‼️ BREAKING: A nine-year-old child was killed during a drone attack on a residential building in Ramenskoye, Moscow region of Russia.
In total, 14 drones were shot down in the urban districts of Podolsk, Ramenskoye, Lyubertsy, Domodedovo, and Kolomna.
Governor Vorobyov… pic.twitter.com/95cI3tcdCD
— TabZ (@TabZLIVE) September 10, 2024
Видеата од експлозиите што се слушнаа над областа Брјан беа објавени од локалните жители на социјалните мрежи половина час по полноќ по локално време. Гувернерот Александар Богомаз тврди дека противвоздушната одбрана соборила 59 украински беспилотни летала во текот на ноќта.
Подоцна во ноќта, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, исто така тврдеше дека повеќе од десет беспилотни летала биле соборени над Московската област на пат кон главниот град.
Собјанин извести дека итните служби го гаснат пожарот на 11. и 12. кат од станбена зграда. Остатоци од дрон беа пронајдени и во близина на меѓународниот аеродром „Жуковски“, на речиси 36 километри југоисточно од центарот на Москва.
Повеќе од 30 меѓународни и домашни летови, кои требаше да полетаат меѓу полноќ и 7 часот по локално време, беа одложени на аеродромот „Внуково“ поради нападот. Аеродромот „Домодедово“ во Московскиот регион беше затворен во раните утрински часови.
Два беспилотни летала наводно биле соборени во областа Тула, а остатоци паднале на енергетски објект. Според извештаите на руските државни медиуми, нема повредени или прекини во снабдувањето.
Во последните месеци украинските сили ги засилија нападите врз цели на руска територија со цел да ги оштетат руската нафтена индустрија и објектите што ги користат Русите за воени цели.
Во текот на ноќта на 1 септември десетици беспилотни летала нападнаа неколку руски региони, а руското Министерство за одбрана тврди дека соборило 158 беспилотни летала, потсетуваат во своите написи светските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Европа ќе најде повеќе од 15 милијарди долари за оружје за Украина
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е уверен дека сојузниците ќе најдат средства за купување американско оружје за вооружените сили на Украина. Тој го изјави ова денес на прес-конференција во Киев, пренесува „Украинска правда“.
Одговарајќи на прашањето како би можеле да се соберат 15,5 милијарди долари што ги побара Украина за финансирање на програмата PURL, која се користи за купување оружје во Соединетите Американски Држави, Руте вети дека средствата дефинитивно ќе бидат обезбедени.
„Апсолутно сум уверен дека парите ќе се најдат бидејќи сите знаеме дека ова е клучно“, рече тој. Генералниот секретар, сепак, призна дека нееднаквите придонеси од различни земји имаат негативен ефект. „Во моментов, две третини од сојузниците учествуваат во програмата PURL и во право сте, постои проблем со распределба на товарот“.
Тој рече дека ситуацијата во која некои земји им помагаат на вооружените сили на Украина во купувањето американско оружје, додека други не, е ненормална. „Во моментов, некои сојузници прават многу, многу сојузници прават нешто, а неколку не прават ништо. Сепак, повеќето сега се вклучени во PURL.
Но, ни треба подобра распределба на товарот во рамките на НАТО. Работиме на тоа“, додаде Руте. Тој, исто така, ги истакна поединечните земји кои значително придонесуваат за набавките во рамките на програмата PURL, имено Канада, Норвешка и Германија, како и Шведска и балтичките држави.
Руте претходно изјави дека 90% од ракетите за воздушната одбрана на Украина биле испорачани преку програмата PURL.
Свет
Макрон: Во тек се технички подготовки за директни разговори меѓу Европа и Русија
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека се во тек подготвителни работи за повторно воспоставување директни разговори меѓу Европа и Русија за војната во Украина, додавајќи дека е важно Европејците да ги обноват своите комуникациски канали, но дека Русија не покажува подготвеност да постигне мировен договор со продолжување на бомбардирањето на Украина.
„Мора да биде подготвена, затоа се во тек технички разговори за да се овозможи тоа“, рече Макрон како одговор на новинарско прашање за неговиот повик од декември за обновување на преговорите со рускиот претседател Владимир Путин, пишува бриселски „Политико“.
Макрон истакна дека е важно Европејците да ги обноват своите канали за комуникација со Русија, нагласувајќи дека подготовките се одвиваат на техничко ниво.
Тој додаде дека сите разговори со Путин мора да бидат координирани со претседателот на Украина Володимир Зеленски и неговите „клучни европски колеги“, нагласувајќи ја улогата на таканаречената „Коалиција на волјата“, која ги собира земјите што ја поддржуваат Украина.
Францускиот претседател, сепак, оцени дека со продолжувањето на бомбардирањето на Украина, Русија не покажува подготвеност за постигнување мировен договор.
„Пред се, денес продолжуваме да ја поддржуваме Украина, која е под бомби, на студ, со руски напади врз цивили и украинска енергетска инфраструктура, што е неприфатливо и не покажува вистинска волја за мировни преговори“, рече Макрон, според Танјуг.
Свет
СЗО бара да се обезбедат пари за итни здравствени случаи
Светската здравствена организација (СЗО) бара да се обезбедат една милијарда долари за здравствени итни случаи оваа година.
Чиквез Ихеквезу на прес-конференција во Женева изјави дека апелот за обезбедување пари е помал од минатата година, бидејќи финансирањето од донаторите се намалува, објави Ројтерс.
„Се фокусираме на оние на кои им е најпотребно, каде што можеме да спасиме најмногу животи“, истакна Ихеквезу. Според него, средствата ќе бидат насочени кон 36 итни здравствени ситуации, вклучувајќи ги Газа, Судан и Украина.
„Длабоко сме загрижени за огромните потреби и како ќе ги задоволиме“, додаде тој. Ихеквезу негираше дека СЗО целосно ќе се повлече од каква било криза.
„Она што го направивме е дека, во секој од тие контексти, можеби не направивме толку колку што би сакале“, рече Ихеквезу.
Соединетите Американски Држави официјално ја напуштија СЗО на 22 јануари, откако ја обвинија глобалната здравствена агенција за справувањето со пандемијата Ковид-19. Во минатото, САД беа главен донатор за здравствените вонредни состојби на СЗО, кои се потпираат на доброволни донации и на нејзиниот поширок буџет, кој делумно се базира на задолжителни членарини.

