Свет
(Видео) Чернобил денес

Триесет и три години по нуклеарната катастрофа во Чернобил, уште не е допуштено слободно движење во ова подрачје, освен за време на строго контролираните туристички тури.
„Риптли“ организираше обиколка низ напуштениот град на духови и подрачјето околу реакторот кој во 1986 година ја предизвика катастрофата.
Популарноста на телевизиската серија Чернобил предизвика зголемување на бројот на туристи кои сакаат да ги посетат електраната и градот на духовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ММФ: Светската економија значително ќе забави, на САД драстично

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите прогнози за економски раст за 2025 година, велејќи дека зголемувањето на царините и општата неизвесност ќе доведат до „значително забавување“.
Во својата најнова глобална прогноза, ММФ предвидува дека светската економија ќе порасне за 2,8 проценти оваа година, што е намалување во однос на претходната проценка од 3,3 проценти.
Најголем пад меѓу развиените економии забележаа Соединетите Американски Држави – сега се очекува раст од 1,8 проценти, во споредба со претходната проценка од 2,7 проценти.
Прогнозата за раст за Обединетото Кралство е исто така намалена – од претходните 1,6 проценти на 1,1 процент во 2025 година.
Свет
Италија прогласи петдневна жалост за смртта на папата Францискo

Советот на министрите на италијанската влада денес прогласи петдневна национална жалост за смртта на папата Францискo.
Периодот на жалост почнува денес, потврдија владини извори, пренесува „Анса“.
Советот на министрите денес свика вонредна седница за да разгледа неколку прашања, вклучително и прогласување ден на жалост.
Папата Францискo почина во понеделникот во ватиканската резиденција „Санта Марта“ во 7.35 часот наутро од мозочен удар, проследен со кома и неповратен кардиоваскуларен колапс.
Погребот на папата Францискo ќе се одржи в сабота, 26 април, во 10 часот наутро на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“, објави „Анса“ повикувајќи се на соопштението од Ватикан.
Телото на папата Францискo моментно е изложено во капелата на резиденцијата „Санта Марта“, каде што тој живееше во текот на 12-те години додека беше на чело на Римокатоличката црква, објави „Ројтерс“.
На плоштадот Свети Петар во Рим, денес, во 19.30 часот, ќе се одржи молитва предводена од деканот на Колеџот на кардиналите, кардиналот Џовани Батиста Ре.
Свет
Гор: „Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија“

Поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави, Ал Гор, ја спореди администрацијата на Доналд Трамп со нацистичка Германија.
Зборувајќи на митингот по повод почетокот на Неделата на климата во Сан Франциско, тој рече дека администрацијата на Трамп се обидува да создаде своја преферирана верзија на реалноста со цел да ги постигне своите сеопфатни цели слични на нацистичката партија на Адолф Хитлер во 30-тите и 40-тите, објавува „Политико“.
„Многу добро разбирам зошто е погрешно да се споредува Третиот Рајх на Адолф Хитлер со кое било друго движење. Тоа беше уникатно зло, точка. Сфаќам. Но, постојат важни лекции од историјата на тоа зло што се појави“, рече Гор, кој беше потпретседател под Бил Клинтон.
Претставниците на Белата куќа не ги коментираа изјавите на Гор.