Свет
(Видео) Четиригодишно девојче кое исчезна пред две недели во Австралија е пронајдено живо
Четиригодишно девојче кое исчезна од камп во Австралија пред повеќе од две недели е безбедно и е вратено кај родителите.
Според надлежните, полицијата го пронашла девојчето во една куќа, каде рано утринава упаднала во Карнарвон, град на околу 100 километри јужно од кампот и ја пронашла малата Клио Смит во една од собите, јавува „Ројтерс“.
The miracle we all hoped for. ❤️ pic.twitter.com/zOd5WDTA1A
— WA Police Force (@WA_Police) November 3, 2021
„Еден од полицајците ја зеде во раце и ја праша ‘како се викаш’, а таа рече дека се вика Клио“, изјави за локалната телевизија заменик-полицискиот комесар на Западна Австралија Кол Бланш и потврди дека еден маж е приведен.
Клео последен пат беше видена во шаторот на нејзиното семејство околу 1:30 часот по локално време на 16 октомври, во оддалечениот камп Блаухолс Сакс во Меклаод, околу 900 милји северно од Перт, главниот град на Западна Австралија.
Австралиската полиција се посомневала дека девојчето е киднапирано и понуди награда од еден милион австралиски долари (743.000 долари) за каква било информација што би довела до пронаоѓање на малата Клио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН: Најмалку 127 цивили убиени во израелски напади во Либан и покрај прекинот на огнот
Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права денес објави дека најмалку 127 цивили се убиени во Либан во израелски напади откако беше постигнат прекин на огнот пред речиси една година.
ОН повика на итна истрага и строго почитување на прекинот на огнот, објави Ројтерс.
„Речиси една година по договорениот прекин на огнот меѓу Либан и Израел, продолжуваме да бидеме сведоци на интензивирање на израелските напади што резултираат со цивилни жртви и уништување на цивилни објекти во Либан, со алармантни индикации за поширока офанзива“, изјави портпаролот на канцеларијата, Тамин Ал-Китан, на прес-конференција во Женева.
Тој додаде дека податоците се базираат на методологијата на ОН, но дека вистинскиот број на загинати цивили може да биде поголем.
Фото: принтскрин
Свет
Калас: Европа бара разоружување на Русија
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека конечниот мировен план за Украина мора да содржи јасни механизми што би спречиле каква било повторна инвазија на Русија. Зборувајќи на BBC Radio 4, таа нагласи дека е потребно Москва да прифати отстапки и да преземе целосна одговорност за војната.
Калас подвлече дека конфликтот не може да се заврши без структурни промени во пристапот на Русија кон меѓународните обврски.
„Ако сакаме ова да заврши засекогаш, навистина ни требаат отстапки од Русија. Не можете само да нападнете друга земја и да не преземете никаква одговорност“, нагласи таа.
Според неа, идниот мировен договор мора да ја вклучува обврската на Русија да ги почитува меѓународните договори, како и намалувањето на бројот на нејзините вооружени сили. Ова, според Калас, е клучот за одржлива безбедност на Украина и Европа.
Осврнувајќи се на можноста за враќање на Русија во Г8, Калас беше недвосмислена:
„Тоа е дефинитивно неприфатливо. Не можеме да се вратиме на вообичаеното работење, како би можеле да го замислите тоа?“
Шефицата на европската дипломатија претходно изјави дека Москва „нема право“ да поставува услови за Киев за време на мировните преговори и дека Европската Унија има „јасен план“ за Украина – во време кога американскиот претседател Доналд Трамп предлага нов модел за решавање на конфликти.
Според Калас, европската политика останува конзистентна: мирот мора да се постигне за Украина да биде трајно заштитена, а Русија да биде спречена да ја повтори агресијата.
Фото: принтскрин
Регион
Вучиќ: Ние сме воено неутрална земја и ќе соработуваме со кого сакаме
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека Србија е воено неутрална земја која сама избира со кого ќе соработува.
Тој го кажа ова во Претседателството, одговарајќи на новинарско прашање за коментар на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој рече дека Србија има суверено право да учествува во вежби со кинеската армија, но дека ќе „се дистанцира од соработката на Вучиќ со Кина“.
„Ние сме воено неутрална земја и ќе соработуваме со кого сакаме“, изјави Вучиќ во врска со изјавата на Руте.
Како што вели, се дистанцира од НАТО и од сè што НАТО направи во 1999 година, додавајќи дека и српскиот народ се дистанцирал од него.
„Затоа што сакаме добро да соработуваме со нив. Тоа го направивме особено преку КФОР. Среќни сме поради многу професионалниот однос што го имаме со КФОР. Имаме добри односи со НАТО, ќе продолжиме да имаме добри односи со НАТО. Затоа му се заблагодарувам на г-дин Руте што се дистанцира од мене. Немам проблем со тоа, ми направи услуга. Србија е слободна земја и суверена земја и ќе остане таква“, рече Вучиќ, објави Танјуг.
Фото: принтскрин

