Свет
(Видео) Шестмина загинати во вооружена престрелка во Австралија, меѓу жртвите се и двајца полицајци
Австралиската полиција соопшти дека шест лица се убиени во вооружен напад на оддалечен имот во државата Квинсленд.
Меѓу убиените има и двајца помлади припадници на полицијата, врз кои осомничените отвориле оган.
Полицијата одговорила на повик во градот Виџамбила, а по нападот интервенирале и припадници на специјалната полиција. Убиени се тројца осомничени, двајца мажи и една жена. Загина и соседот кој случајно се нашол на местото на инцидентот.
Six people, including two police officers, have been killed in a gunfight at a remote home in Australia's Queensland state.
Sky's @nicolejohno has the latesthttps://t.co/HpGR9gyPH0
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/DeMxRkqIOe
— Sky News (@SkyNews) December 13, 2022
Локалните медиуми објавија дека еден од убиените напаѓачи бил активен на онлајн форумите кои се занимаваат со теории на заговор.
Според агенцијата АП, полицајци дошле на имотот за да ја истражат пријавата за исчезнато лице кое се барало околу една година.
Четворица полицајци отишле на имотот да ги истражат наводите од дојава, двајца биле убиени во напад на вооружени лица, а еден бил полесно ранет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија
Шпанската полиција разби српска организирана криминална група осомничена дека го нападнала домот на ривалскиот клан од Србија минатиот јануари. Во акцијата беа уапсени 11 лица, меѓу кои и лидерот, по кого Србија распиша потерница уште во 2021 година.
Во провинциите Малага, Мадрид и Барселона се извршени апсења поради вмешаност во криминални дејствија – киднапирање, грабеж со насилство, недозволено поседување оружје, телесни повреди, фалсификување документи, трговија со дрога и членство во криминална организација.
Во акцијата на шпанската полиција одземени се три парчиња огнено оружјо. На некои им беа избришани сериските броеви. Запленети се и сто парчиња муниција, седум лажни лични документи, дрон и 16.000 евра во кеш.
Извршени се и седум претреси, од кои пет во Естепона.
Меѓу уапсените е и водачот на криминална група по која Србија распишала потерница во 2021 година. Тој е еден од најбараните луѓе во Србија.
Свет
Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник во Европскиот парламент Матијас Еке
Четворица германски тинејџери се под истрага за нападот врз германскиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Матијас Еке, кога беше тешко повреден и му беше потребна операција, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека 17-годишникот дошол во полициската станица во саботата и рекол дека бил вклучен во нападот врз Еке, а полицијата идентификувала уште тројца напаѓачи во неделата, откако ги пребарала нивните домови и собрала докази, објави Ројтерс.
Сите четворица се германски државјани на возраст од 17 до 18 години.
Регион
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.