Свет
(Видео) Ѓоковиќ вратен во хотелот за мигранти, објавена снимка како го носат во притвор

Откако Австралија повторно му ја одби визата, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по вчерашното сослушување, одново е вратен во притвор.
До вечерашното судење, властите го сместија најдобриот светски тенисер во хотелот „Парк“, истиот хотел во кој беше и кога првпат пристигна во Австралија.
And just like that – Novak Djokovic is back in detention. He arrived at the Carlton hotel minutes ago and will spend at least one night here ahead of his Federal Court hearing tomorrow at 9.30am @9NewsMelb pic.twitter.com/fMi0c0wU8Y
— Lana Murphy (@LanaMurphy) January 15, 2022
Се појави и првото видео на Ѓоковиќ по неколку дена, снимено во моментот кога тој бил приведен.
„Тениската ѕвезда изгледа смирено и присебно“, го опишува однесувањето на Ѓоковиќ по сослушувањето, австралиски The Age.
Serbian tennis player Novak Djokovic is to spend another night in Australian immigration detention after his visa was revoked for second time pic.twitter.com/EQPvDFCkKP
— TRT World Now (@TRTWorldNow) January 15, 2022
Ѓоковиќ уште еднаш ќе преноќи во злогласениот хотел, бидејќи објавувањето на конечната одлука е закажано за 9:30 часот по локално време, а вечерва во 23:30 часот по средноевропско време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Златна купола“ – моќен вселенски штит, најнов проект на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ќе го открие амбициозниот проект „Златна купола“, ракетен штит што ќе биде нова генерација на противракетни системи. Проектот ветува револуционерна заштита од напади со долг дострел, но со огромна цена.
„Златната купола“ претставува чекор кон создавање сеопфатен систем за одбрана на Америка од глобални ракетни закани, вклучувајќи балистички и хиперсонични ракети. Овој проект не само што има потенцијал да ја редефинира воената стратегија на САД, туку и значително да влијае врз глобалната безбедност. Сепак, неговата цена од повеќе од 500 милијарди долари во следните 20 години покренува загриженост за одржливоста и буџетските приоритети.
На презентацијата на проектот ќе присуствуваат и клучни воени лидери, вклучувајќи го и генералот Мајкл Гатлин, кој се смета за главен кандидат да ја води оваа програма. Пентагон предложи три сценарија за развој на системот – од скромни до големи.
Доналд Трамп вечерва ќе објави кое сценарио е избрано, отворајќи ја вратата за финансирање и имплементација. Во буџетот за следната година веќе се издвоени 25 милијарди долари, но експертите предупредуваат дека вкупните трошоци далеку ќе ја надминат оваа бројка.
„Министерството за одбрана разви прелиминарен план за „Златната купола“ за заштита на Американците од широк спектар на глобални ракетни закани“, изјави Шон Парнел, главен портпарол на Пентагон. Тој додаде дека „министерот за одбрана и другите лидери се консултираат тесно со претседателот и наскоро ќе објават конечна одлука“.
Проектот ветува огромни можности за приватниот сектор. Компании како „СпејсИкс“ на Илон Маск веќе се во трка за профитабилни договори, бидејќи државата не може сама да спроведе толку сложен потфат. Ова би можело значително да ја поттикне технолошката индустрија, но исто така би можело да предизвика дебата за улогата на приватните компании во националната безбедност.
За разлика од израелскиот систем „Железна купола“, кој е дизајниран да пресретнува ракети со краток дострел, „Златната купола“ има амбиција да ја заштити целата територија на САД од напредни закани. Системот ќе биде сместен во вселената, што го прави многу потежок технолошки и финансиски.
„Златната купола“ е чекор кон иднината, но и предизвик што ќе ја тестира способноста на САД да ги балансира безбедносните, технолошките и економските ограничувања.
Свет
Унгарија идентификува двајца украински шпиони

Унгарските безбедносни служби идентификуваа уште двајца украински шпиони, соопшти денес унгарската влада.
„Еден од двајцата идентификувани изградил врски со опозициски личности и организирал состаноци со политички и воени личности со цел да влијае на ставот на Унгарија во врска со украинскиот конфликт“, изјави владиниот портпарол Золтан Ковач, објави Ројтерс.
Друго лице, идентификувано како украински шпион, собирало разузнавачки информации поврзани со воениот и енергетскиот сектор во Унгарија, а против него е покрената кривична истрага за шпионажа.
Претходно овој месец, Унгарија протера двајца шпиони кои работеа под дипломатско покритие во украинската амбасада во Будимпешта, откако Украинската безбедносна служба (SBU) објави дека открила шпионска мрежа на унгарската воена разузнавачка служба во украинскиот регион Закарпатија, чија задача наводно била да собира податоци за воената безбедност на регионот, истражувајќи ги слабостите во копнената и воздушната одбрана, како и социо-политичките ставови на локалното население.
Свет
ЕУ ги укина санкциите против Сирија

Европската Унија одлучи да ги укине сите економски санкции против Сирија, објави високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.
„Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и мирна Сирија. Европската Унија отсекогаш стоела покрај Сиријците во текот на последните 14 години и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Калас.
Одлуката за укинување на санкциите беше договорена на состанок на амбасадорите на земјите-членки и потврдена од министрите за надворешни работи кои се состанаа во Брисел.
Минатата недела, САД, исто така, ги укинаа санкциите.
ЕУ воведе санкции против режимот на соборениот претседател Башар ал-Асад. Главно станува збор за санкции против сирискиот банкарски систем и забраната за продажба на оружје за кое се претпоставуваше дека Асад може да го употреби против цивилното население.