Свет
(Видео) Ќерката на Лавров дојде на свадбата на својот девер во Грузија, ја пречекаа гневни демонстранти: „Овде нема место за Русите“

Грузиски активисти ја прекинаа венчавката на која присуствувала ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров надвор од главниот град Тбилиси.
Грузиските медиуми објавија дека Екатерина, ќерката на Лавров, на 20 мај требала да присуствува на прием по венчавка во планинското одморалиште источно од Тбилиси. Според информациите, тоа било свадба на братот на Александар Винокуров, кој е оженет со Екатерина, ќерката на Лавров.
Сепак, демонстрантите одржаа протест пред одморалиштето и се судрија со полицијата, која уапси најмалку 16 лица.
This is terrible to watch and post. Going after your own citizens in such a brutal and ruthless way to protect the occupiers and the enemies of your own country. pic.twitter.com/Pif7BNXSKh
— Katie Shoshiashvili (@KShoshiashvili) May 20, 2023
Според медиумите, некои демонстранти фрлале јајца кон минибусите кои излегувале од хотелот и извикувале: „Во Грузија нема место за Русите“.
Засега не е познато дали венчавката навистина се случила.
На 19 мај, опозициски ТВ канал објави снимка од свадбена церемонија во матичната служба во Тбилиси. Не се знае дали ќерката на Лавров присуствувала на свадбата или на дочекот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски го прими претставникот на Трамп

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денес во Киев разговараше со специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог, за зајакнување на украинската воздушна одбрана и купување оружје со европска помош.
Средбата се одржа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе испрати противракетни системи „Патриот“ во Украина и пред очекуваното објавување на нов план за вооружување на САД за Киев.
„Разговаравме за патот кон мирот и што практично можеме да направиме заедно за да го приближиме. Ова вклучува зајакнување на украинската воздушна одбрана, заедничко производство и набавка на одбранбено оружје во соработка со Европа“, објави Зеленски на „Икс“. „И секако, санкции против Русија и оние кои ѝ помагаат“.
Трамп, кој го започна својот втор мандат во Белата куќа со поблаг пристап кон Русија, во последните недели стави до знаење дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин затоа што ги интензивира воздушните напади врз Украина.
Недолго по состанокот, во Киев беше прогласена воздушна тревога.
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави испраќање „многу софистицирана“ воена опрема во Украина. Како што објави американскиот портал Аксиос, веројатно е дека на Украина ќе ѝ биде испратено не само одбранбено оружје како што е системот Патриот, туку и офанзивно оружје, вклучително и ракети со долг дострел со кои Украинците ќе можат да напаѓаат цели во Москва.
Регион
Сообраќајни казни во Грција и до 1.500 евра

Сообраќајната полиција во Грција ќе ги казни сите возачи ако заборавиле да ја понесат задолжителната опрема за патнички возила и ако не ги почитуваат сообраќајните прописи, а казните може да бидат и до 1.500 евра. Како што е наведено на инстаграм-страницата на здружението „Пресретнувач“, сообраќајната полиција во Грција ќе ги казнува и најмалите пропусти, пишуваат медиумите во регионот.
Според написите, за да избегнат казни, ова здружение ги потсетува возачите што треба да имаат во своите возила. Рефлектирачки елек во кабината, а не во багажникот, безбедносен триаголник поставен на 50 до 100 метри, ПП-апарат (S2 – 2 кг) исправен и со валиден сервис, комплет за прва помош, комплетен и непроменет, и резервно тркало или сет за поправка на гуми.
Тие додаваат дека нема оправдување за истекот на периодот за прва помош, а казната за тоа е 100 евра, за непоставениот триаголник исто така 100 евра, за возење во влечки 50 евра, а за пушење во автомобил со деца казната е дури 1.500 евра, пренесува „Танјуг“.
Здружението апелира до возачите да ги почитуваат сите прописи и да бидат информирани за нив бидејќи контролите се секојдневни.
Свет
Руското разузнавање: НАТО сака да ја вклучи Молдавија во конфликтот со Москва

Северноатлантскиот договор се обидува да го вклучи Кишињев во потенцијален вооружен конфликт со Русија, соопшти денес прес-службата на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација (СВР).
„Според информациите добиени од СВР, НАТО активно се подготвува да ја искористи Молдавија во можен вооружен конфликт со Русија.
Во Брисел е донесена одлука за забрзување на трансформацијата на таа земја во база на Алијансата на источното крило, земајќи го предвид напредувањето на руските сили во Украина“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.
Според СВР, молдавските власти сметаат на поддршката на НАТО за проевропската партија „Акција и солидарност“ на претстојните парламентарни избори.
Доколку претседателката Маја Санду победи, таа наводно ветила дека ќе го укине неутралниот статус на земјата, според руските претставници. Односите меѓу Москва и Кишињев значително се влошија по доаѓањето на Маја Санду на чело на државата кон крајот на 2020 година, која се залага за посилна интеграција на Молдавија со Европската Унија, според руските служби, пренесува Танјуг.
Во последните неколку години, според Москва, молдавските власти го зголемиле притисокот врз опозицијата. Наводно се поднесуваат кривични пријави против политичари, тие се притвораат на аеродромите за патување во Русија, а на кандидатите на опозицијата наводно им е спречено учество на избори, според написите во светските медиуми.