Европа
(Видео) Џјинпинг со „Црвено знаме“ до Путин – Луксузен автомобил за Џјинпинг во Москва

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг слета денеска на меѓународниот аеродром Внуково, со што започна тридневната посета на рускиот претседател Владимир Путин.
Во моментот на пристигнувањето на Џјинпинг на московскиот аеродром имало возило кое било подготвено да го пречека кинескиот претседател, пренесуваат медиумите.
Xi Jinping llega a #Moscú para reunirse con #Putin
Xi Jinping inicia su visita oficial de tres días que Pekín ha promocionado como un “viaje por la paz” en su intento de jugar a mediador en la guerra.
Detalles en 👉🏻 https://t.co/Xs2cFaESml#China #Rusia #XiJinping #Asia pic.twitter.com/Rr8zkMjnmI
— DescubriendoChina (@Descubre_China) March 20, 2023
Имено, според написите, се работи за луксузен кинески автомобил наречен „Hunci“, кој е производ на кинескиот концерн „FAV“ и е претседателски модел на автомобил.
Првиот автомобил „Хунчи“ е произведен во 1959 година, што го прави најстариот кинески бренд за патнички автомобили.
Зборот „Хунчи“ на кинески значи „Црвено знаме“.
Најпознати модели се „E-HS9“ и три седани „H5“, „H7“ и „H9“, како и „Q“ – автомобил од типот „SUV“.
Серијата L се автомобили од репрезентативна класа, кои се направени по индивидуални нарачки и се користат за големи светски настани.
Овој автомобил е аналог на рускиот претседателски автомобил „Аурус“.
Повеќе од 89.000 луѓе ја следела последната етапа од летот на Боинг 747-89Ј „Ер Чајна“ со кој Џјинпинг пристигна во Москва.
Ова е јасен показател дека интересот за посетата на кинескиот претседател Џјинпинг на Москва ги надминува сите очекувања, се наведува во новинарските извештаи.
Очите на целиот свет, како што стои во написите, се вперени кон кинескиот лидер, а неговата посета започнува во моментот кога Меѓународниот кривичен суд во Хаг го обвини рускиот претседател Владимир Путин за киднапирање и исчезнување на 17.000 украински деца.
Поради ова е распишана потерница за негово апсење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со „молотов коктел“, а нема информации за жртви, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат многу странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два „молотови коктела“ биле фрлени во дворот на конзулатот, но, за среќа, не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.