Свет
(Видео) Eвакуирани ранетите украински војници од челичарницата „Азовстал“
Повеќе од 260 украински војници, од кои многумина ранети, беа евакуирани од опколената фабрика за челик „Азовстал“ во пристанишниот град Мариупол, очигледно предавајќи ја контролата врз градот на руските сили по 82 дена бомбардирање, објави „Гардијан“.
Incredible image from inside the besieged Azovstal plant in Mariupol. https://t.co/aRVlLKqB1V
— Christopher Miller (@ChristopherJM) May 16, 2022
Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малијар изјави доцна синоќа дека 53 тешко ранети војници се евакуирани во болница во градот Новоазовск, кој е под руска контрола, а повеќе од 200 други биле пренесени по коридорот до Оленивка. Таа додаде дека ќе има размена за да можат евакуираните да се вратат дома.
Не е познато колку војници останале во фабриката за челик – се верува дека има околу 600 – а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека „се надева дека ќе ги спасат нивните момци“.
„ На Украина ѝ се потребни живи херои. Тоа е нашиот принцип“, истакна тој во видеообраќањето.
„Гардијан“ наведува дека евакуацијата веројатно ќе го означи крајот на најдолгата и најкрвавата битка во украинската војна и значителен пораз за Украина. Командантот на украинските сили во „Азовстал“, Денис Прокопенко изјави дека ја спроведува одлуката на воената команда за да ги спаси животите на војниците, но не го спомна предавањето.
‼️ 53 militaires grièvement blessés #Ukrainian ?? ont été évacués du territoire #Azovstal. Ils ont été transportés à l’hôpital de Novoazovsk. Cela a été annoncé par le vice-ministre ukrainien de la Défense, Hanna Malyar. #SaveAzov #SaveMariupol https://t.co/JyEKmkvdIj
— CH_ouvertures_2014 (@CH_2014) May 17, 2022
Мариупол сега е во урнатини по руската опсада, за време на која, според Украина, десетици илјади луѓе биле убиени во градот.
За Украинците „Азовстал“ стана симбол на отпорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.