Европа
Виена нема да го укине правило 2G – невакцинираните нема да можат да одат во кафулиња и ресторани
Градоначалникот на Виена Михаел Лудвиг денеска објави, откако австриската влада објави дека дополнително ги олеснува епидемиолошките мерки, дека покраината ќе продолжи со повоздржан „епидемиолошки тек“.
– Влегуваме во нова фаза на пандемијата, но тоа не е причина да бидеме невнимателни. И денеска имаме многу голем број новозаразени. Во Виена забележавме дека по завршувањето на семестарскиот распуст дојде до нов скок на новозаразени. Тоа ќе го забележат и другите провинции, каде што допрва доаѓа празникот во Токунила. Затоа е потребна дополнителна претпазливост – истакна Лудвиг на прес-конференцијата.
Додека австриската влада денеска објави дека ќе премине од правилото „2G“ на „3G“ во гастрономијата и угостителството, како и во други области, од 19 февруари, правилото „2G“ ќе остане во гастрономијата во Вина.
Тоа значи дека невакцинираните сè уште нема да можат да одат во виенските кафулиња, ресторани.
Лудвиг рече и дека Виена, како што одлучи австриската влада, ќе ја отвори ноќната гастрономија од 5 март, но за разлика од останатиот дел од земјата со правилото „2G“ или „2G плус“.
– Се надеваме дека март ќе донесе дополнително подобрување на состојбата, така што овие мерки ќе можат да се укинат, нагласи тој.
Тој посочи дека Виена останува на својата стратегија за широко бесплатно тестирање на граѓаните, бидејќи со тоа се откриваат заразените и се спречува ширење на вирусот.
„Ќе влијаеме на австриската влада да ги задржи бесплатните тестови“, најави тој.
Сепак, претходно австрискиот канцелар Карл Нечамер најави дополнително олеснување на мерките од 19 февруари и речиси целосно укинување од 5 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.