Свет
Воздухопловни такси во Дубаи на почетокот на 2026 година
Воздухопловните такси во Дубаи ќе почнат со работа до првиот квартал на 2026 година, изјави Калед ал-Авади, директор на одделот за транспортна технологија во Управата за патишта и транспорт на Дубаи (RTA), за „РИА новости“.
„Имаме план до првиот квартал на 2026 година да почнеме со авиотакси-услуга. Во моментот работиме на тестирање и сертификација на самото возило со нашите партнери. Ја почнуваме и фазата на дизајнирање станици со „Скајпорт“, британска компанија, која ќе развива хелиодроми“, рече тој.
Според него, во Дубаи се планира изградба на четири вертикални аеродроми за такси-возила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

