Свет
Воз излета од шините во Колорадо, го сруши мостот, па падна на патот: загина возач на камион
Возач на камион загина кога воз излета од шините и урна мост, истури јаглен и оштети шински вагони преку автопат во близина на Пуебло, Колорадо, соопштија тамошните власти.
Портпаролката на канцеларијата на шерифот на округот Пуебло, Гејл Перез изјави дека немало други возила вклучени во инцидентот на локација 183 километри јужно од Денвер, пренесе АП.
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска требаше да го посети Пуебло или „CS Wind“, најголемата фабрика во светот за производство на ветерни кули, но само неколку часа пред поаѓањето, тој го одложи патувањето за да остане во Вашингтон и да се фокусира на конфликтот во средниот Исток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.