Свет
Вонредна состојба во Киргистан, наредено распоредување на армијата

Киргистанскиот претседател Соронбаи Женбеков прогласи вонредна состојба во земјата и нареди распоредување на армијата во Бишкек.
Во Киргистан се одржаа парламентарните избори во неделата, на кои четири партии го поминаа цензусот. Еден ден подоцна, избувнаа протести на приврзаниците на партиите кои не го поминаа цензусот, кои се одржаа во главниот град Бишкек.
Опозициските партии и нивните приврзаници зазедоа неколку владини згради, а Изборната комисија подоцна ги поништи изборните резултати.
Киргистанскиот претседател Соронбаи Женбеков изјави дека е подготвен да поднесе оставка кога ќе се формира нова влада и со цел да се стави крај на немирите што се појавија откако приврзаниците на опозицијата ги окупираа владините згради.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Министерот на Трамп се појави на телевизија со крст на челото

Американскиот државен секретар Марко Рубио се појави на Фокс њуз вчера со крст на челото.
Христијанската традиција налага дека свештеникот ги попрскува главите на верниците со пепел или прави крст на нивните чела со пепел. Во христијанската традиција, посипувањето со пепел означува покајание и подготвеност за нов живот, пишува АП.
Marco Rubio appeared on the last television show with a cross on his forehead because of his participation in religious practice.
The people from trump's mafia team are not Christians, never.
What more appropriate terms can you think of for these lackeys of the US dictator? pic.twitter.com/HXBLFwNfN7
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) March 6, 2025
Родителите на Марко Рубио емигрирале од Куба во САД во 1956 година, две години пред да дојде на власт Фидел Кастро. Наскоро тие се приклучиле на мормонската црква. Католичките медиуми во САД јавуваат дека тие подоцна ја напуштиле мормонската црква по наговор на нивниот син и се вратиле во католицизмот.
Is the US Secretary of State Marco Rubio spewing Russian propaganda with a giant cross painted in the forehead? pic.twitter.com/1bwtj0hib6
— Kvist (@kvistp) March 6, 2025
Рубио се оженил во Католичката црква, но подоцна станал член на евангелистичка мегацрква со неговата сопруга. Во следните години, како што рече, почнал да копнее по светата тајна причест, па се вратил во Католичката црква.
U.S. Secretary of State Marco Rubio draws a cross on his forehead during a press conference to discuss Trump's positions. pic.twitter.com/YWdBTJKfzi
— Hanzo (@HanzoNasan) March 6, 2025
Свет
Хамас: Заканите на Трамп го туркаат Нетанјаху да го прекине примирјето во Газа

Хамас денеска соопшти дека постојаните закани на американскиот претседател Доналд Трамп кон Палестинците претставуваат поддршка за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се повлече од примирјето во Газа и да ја заостри опсадата на жителите на крајбрежната енклава.
Трамп вчера побара Хамас „да ги ослободи сите заложници сега, а не подоцна“, вклучително и останките на починатите заложници, „или готово е за вас“.
Во текстуална порака до Ројтерс, портпаролот на милитантната група, Абдел-Латиф ал-Кануа, рече: „Најдобар пат за ослободување на преостанатите израелски заложници е окупацијата да премине во втората фаза (од прекинот на огнот) и да ја принуди да го почитува договорот потпишан под покровителство на посредниците.
Договорот за прекин на огнот во Газа, кој стапи на сила во јануари, беше преговаран со претставник на Трамп кој учествуваше заедно со претставник на администрацијата на поранешниот претседател во заминување Џо Бајден.
Договорот предвидува ослободување на преостанатите заложници како дел од втората фаза, во текот на која ќе бидат договорени конечните планови за завршување на војната.
Европа
Папата помина мирна ноќ во болница, вчера дури можеше малку и да работи, извести Ватикан

Папата Франциско, кој речиси три недели е во болница со билатерална пневмонија, помина уште една мирна ноќ, соопшти денеска Ватикан. 88-годишниот папа, беше примен во римската болница Гемели на 14 февруари со тешка респираторна инфекција која бара постојан третман.
Ватикан вчера соопшти дека неговата состојба останала стабилна тој ден, што му овозможило малку да работи и да ја зголеми физиотерапијата за дишење и мобилност. Се додава дека тој немал никакви респираторни кризи, кои се случиле претходните денови.
Франциско не е виден во јавноста откако влезе во болница, што е негово најдолго отсуство откако ја презеде функцијата пред 12 години. Неговите лекари не кажаа колку долго може да трае третманот.
Папата во последните две години во неколку наврати страдаше од лоша здравствена состојба и е склон на белодробни инфекции бидејќи како млад имал плеврит и му бил отстранет дел од едното белодробно крило. Двојната пневмонија е сериозна инфекција која може да остави лузни, што го отежнува дишењето.