Свет
Заврши паниката во Австралија: пронајдена радиоактивната капсула од 8 милиметри по која се трагаше со денови
Во Австралија е пронајдена исчезнатата мала радиоактивна капсула, што исчезна минатата недела, а бидејќи е многу мала, се вели дека се бара игла во стог сено.
Капсулата ја изгубила рударската компанија „Рио Тинто“. Станува збор за компанија која на тамошната јавност ѝ е позната поради бизнисот во Србија, а поради која минатата година имаше големи протести.
Капсулата била изгубена некаде покрај патот долг 1.400 километри на запад од континентот.
Државните власти го вклучија алармот во петокот предупредувајќи ги жителите за присуство на радијација во јужниот дел на државата, вклучително и североисточните предградија на Перт, каде што живеат околу два милиона луѓе. Капсулата била ставена во пакет на 10 јануари, а деловниот соработник на рудникот ја подигнал од рудникот „Гудаи-Дари“ на „Рио Тинто“ на 12 јануари.
Возилото поминало четири дена на пат и пристигнало во Перт на 16 јануари, но било истоварено на преглед до 25 јануари – кога било откриено дека капсулата ја нема. Се верува дека силните вибрации предизвикани од нерамни патишта го оштетиле пакетот со отстранување на завртката за монтирање што го држела на местото.
Експертите предупредија дека цезиумот-137 може да создаде сериозни здравствени проблеми за луѓето што доаѓаат во контакт со него: изгореници на кожата од блиска изложеност, болест на зрачење и потенцијално фатален ризик од рак, особено за оние што несвесно се изложени на долги временски периоди.
Инцидентот беше шок за експертите, кои рекоа дека ракувањето со радиоактивни материјали, како цезиум-137, е строго регулирано со протоколи за нивно транспортирање, складирање и отстранување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма
Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма и го смета тој остров за неразделен дел од Кина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во соопштение објавено денес.
Во интервју за руската државна новинска агенција ТАСС, Лавров, исто така, ја повика Јапонија да „размисли внимателно“ за она што го опиша како пат кон милитаризација.
Depositphotos
Свет
Сојузниците му дадоа поддршка на Зеленски пред средбата со Трамп на Флорида
Сојузниците му дадоа силна поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида.
Зеленски одржал видеоконсултации со лидери на повеќе европски земји, Канада, како и со високи претставници на Европска унија и НАТО. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста порачаа дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, ниту во војна, ниту во мир, ниту во обновата.
ЕУ најави продолжување на притисокот врз Русија преку санкции и поддршка за европскиот пат на Украина. Европските лидери истакнаа дека ќе продолжат тесно да соработуваат со САД за постигнување праведен и траен мир.
Зеленски изјави дека на средбата со Трамп ќе ги истакне „црвените линии“ на Украина, нагласувајќи дека нема да прифати капитулација или мир диктиран од Москва. Тој најави разговори за мировен план во 20 точки, при што безбедносните гаранции ќе бидат клучни.
Украинскиот претседател побара дополнителни противвоздушни системи и проектили, нагласувајќи дека Русија секојдневно извршува напади и не покажува интерес за мир. Тој додаде дека за повоената обнова на Украина ќе бидат потребни средства до 800 милијарди долари.
Русија не учествува во разговорите во Палм Бич, а Зеленски истакна дека траен мир не е можен без договор со Москва.
Свет
Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.

