Свет
Во Австрија можат да влезат само оние кои примиле бустер доза
На полноќ во Австрија стапи на сила нов режим за влез во земјата.
Според новите правила, само патниците кои примиле три дози од вакцината против коронавирус можат да влезат во земјата без дополнителни документи.
Според новата Регулатива за влез во Австрија, веќе не важи списокот на земји со висок ризик. Така, граѓаните ширум светот кои примиле бустер доза можат да влезат во Австрија без дополнителни услови.
Причина за олабавување на режимот за влез во земјава е тоа што и во Австрија доминантен е сојот омикрон.
За оние кои не ја примиле третата доза од вакцината важи таканареченото правило „2G плус“, што значи дека вакцинираните или прележананите од ковид можат да влезат во земјава само доколку имаат негативен ПЦР-тест.
Лицата кои имаат документи „2G“ – потврда за прележан Ковид-19 или потврда за вакцинација со две дози, а немаат негативен ПЦР-тест мора да бидат ставени во карантин, кој може да се прекине по ПЦР-тест кој има негативен резултат.
Де факто не е можен влез во Австрија за невакцинирани или лица кои не го прележале вирусот за туристички цели.
Вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО) како што се бионтек/фајзер, астразенека, Џонсон и Џонсон, модерна, кинеските вакцини синофарм и синовак, како и коваксин, кововакс и новакс.
Руската вакцина „спутник“ не е призната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.