Свет
Во Вашингтон, Шолц го повика американскиот Конгрес да ја деблокира помошта за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц во Вашингтон го повика американскиот Конгрес да ја деблокира финансиската помош за Украина.
„Би било добро помошта да биде достапна многу брзо, бидејќи без придонесот на САД, ситуацијата во Украина би била многу, многу комплицирана“, изјави Шолц за новинарите пред средбата во Белата куќа со претседателот Џозеф Бајден.
Шолц ја нагласува итноста за зголемување на воената помош за Украина, во услови на конфликт околу гласањето за новиот пакет помош за Украина во Конгресот.
„На Украина и е потребна сета наша поддршка за да може да се одбрани од руската агресија“, рече Солц.
Посетата на Шолц, трета откако ја презеде функцијата во декември 2021 година, доаѓа во време кога Бајден води кампања за втор претседателски мандат, а Конгресот со месеци преговараше за договор кој вклучува околу 60 милијарди долари воена помош за Украина.
Деблокирањето на помошта е неизвесно бидејќи некои претставници на Конгресот блиски до поранешниот републикански претседател Доналд Трамп одбиваат да ја одобрат помошта.
Европската унија неодамна објави дека ќе деблокира 50 милијарди евра помош за помош на Украина до 2027 година.
Според германски извори, Шолц и Бајден ќе разговараат и за стравувањата од разгорување на конфликтот на Блискиот исток по четиримесечната војна меѓу Израел и Хамас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.