Свет
Во верижен судир на автомобили, автобуси и камиони во Турција загинаа 11 лица, над 50 патници во болници

Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми.
Во верижниот судир учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северна Мармара во близина на населбата Дагдиби во провинцијата Сакарија, јави новинската агенција „Анадолу“.
Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз, за локалните медиуми изјави дека 57 лица се повредени и пренесени во болница, а седуммина се во тешка состојба.
„Според првите сознанија, најголем број загинати во несреќата предизвикал третиот автобус, кој удрил во патниците што излегле од возилото. Полицијата е на терен и истрагата е во тек“, изјави Карадениз, пренесува „Хабертурк“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Ќе му кажам на Трамп дека не може да си дозволи да биде слаб пред Путин

Емануел Макрон вели дека планира следната недела да му каже на Доналд Трамп дека не може да си дозволи да биде слаб во лицето на Владимир Путин.
Францускиот претседател следниот понеделник треба да го посети Вашингтон, каде што вели дека ќе се обиде да го убеди Трамп дека неговиот интерес е „ист како и нивниот“.
„Ќе му кажам: „Не можете да бидете слаби со претседателот Путин. Тоа не сте вие, тоа не е ваш заштитен знак, тоа не е во ваш интерес“.
Говорејќи за време на прашања и одговори на „Х“ за Украина и европската безбедност, Макрон рече дека Трамп „создава несигурност бидејќи сака брзо да склучи договор“.
Тој додаде дека оваа неизвесност влијае на Путин, кој не знае што би можел да направи потоа американскиот претседател.
Во врска со Володимир Зеленски, кого Трамп оваа недела го нарече диктатор, Макрон рече дека украинскиот претседател е легитимен.
Тој рече дека Зеленски е избран на слободни избори, што не е случај со Путин.
Свет
Украински политичар тврди дека Америка ја прекинала испораката на оружје за Украина

Според претседателот на комисијата за одбрана на украинскиот парламент, Роман Костенко, САД престанале да испорачуваат оружје на украинската армија.
Причините за прекинот на испораката на американско оружје се непознати, а освен Роман Костенко, ниту еден друг украински функционер не се огласил по ова прашање.
„Според моите информации, оружјето што требаше да се продаде веќе не се доставува. Тие компании што требаше да го пренесат тоа оружје сега чекаат, бидејќи нема одлука“, рече Костенко.
„И сите чекаат да видат дали ќе се донесе одлука, барем да се набави оружје за пари“, додаде Костенко.
Американско-украинските односи беа значително нарушени во изминатиот период поради мировните преговори меѓу САД и Русија.
Свет
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина.
„Треба да продолжиме да ја зајакнуваме Украина за да дојде на преговарачка маса“, рече Руте на заедничката прес-конференција со словачкиот претседател Петер Пелегрини во Братислава.
Тој рече дека Украина ќе бара „цврсти безбедносни гаранции“ за да се постигне траен мир, додавајќи дека земјите од НАТО веќе разговараат „што би можело да значи тоа“.