Европа
Во Германија предупредување за обилен снег и екстремна опасност од мраз, откажани се многу летови

Германија се подготвува за обилни врнежи од снег и мраз, а со тоа и за проблеми во сообраќајот. Се очекуваат обилни снежни врнежи и екстремно ниски температури, особено во центарот и јужниот дел на земјата, соопшти Германската метеоролошка служба. Ефектите ќе се почувствуваат и во железничкиот и воздушниот сообраќај.
Метеоролозите предупредија на екстремна опасност од мраз на југозапад и т.н. црн мраз – тенок слој мраз на патиштата – во јужниот дел на земјата. Обилни снежни врнежи се предвидуваат за западниот дел и за центарот на Германија. Снег денеска се очекува и во централните и источните делови од земјата, според метеоролошките предупредувања објавени вчеравечер.
Gefährliche Wetterlage in vielen Regionen Deutschlands (Warnkarte)! Die NutzerInnen der #Warnwetter-App sind wachsam und senden uns reichlich Wettermeldungen und Fotos. Danke – und bleiben Sie vorsichtig! /kis pic.twitter.com/Pc4ZIURDiR
— DWD (@DWD_presse) January 17, 2024
Се очекуваат значителни ефекти врз транспортната инфраструктура.
Аеродромот во Франкфурт очекува многубројни откажувања летови поради предвидените снежни врнежи. „Фрапорт“, компанијата што управува со аеродромот, најави дека воздушниот сообраќај може да биде сериозно ограничен до четврток. Аеродромот „Сарбрикен“ вчеравечер објави дека целосно ќе ги откаже своите летови денеска.
Прогнозите за врнежи од снег во јужна и западна Германија исто така влијаеа на воздушниот сообраќај на аеродромот БЕР во Берлин. Досега за денеска се откажани 20 лета до и од Франкфурт и 10 лета до и од Минхен, изјави портпаролката на аеродромот.
Tageschau: “Schnee und Eis bremsen Bahn- und Flugverkehr aus” https://t.co/G673rynw29 /kis
— DWD (@DWD_presse) January 17, 2024
Од патниците што патуваат за Франкфурт или Минхен се бара редовно да го проверуваат статусот на летот. Во некои области на Баварија наставата е откажана или се одржува од дома поради временските проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин