Свет
Во Германија уапсени осум десничари осомничени дека планирале бунт против државата
Германската полиција уапси осум члена на десничарска милитантна група осомничени дека планирале бунт против германската држава, соопштија денеска државните обвинители.
Во соопштението се наведува дека осомничените се дел од организацијата наречена „Саксонски сепаратисти“ која е формирана најдоцна до ноември 2020 година и дека четворицата уапсени се основачи на таа група.
Се додава дека станува збор за милитантна група од 15 до 20 члена, со, како што се наведува, расистичка и антисемитска идеологија, пренесе „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавров: Почнати се процедурите за именување на нов руски амбасадор во Америка
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека се започнати неопходните процедури за назначување на нов руски амбасадор во Америка.
„И покрај длабоката криза во односите, Вашингтон сè уште не е подготвен да ги прекине. Доколку продолжи овој пристап, новиот руски амбасадор во САД ќе биде навремено назначен, неопходно е да се спроведат внатрешни процедури“, изјави Лавров, пренесува РИА Новости.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно го разреши Анатолиј Антонов од функцијата руски амбасадор во Соединетите Американски Држави.
Антонов е на чело на руската дипломатска мисија во САД од 2017 година, пренесува Танјуг.
Свет
Во Германија уапсени осум члена на десничарска милитантна група: планирале бунт
Германската полиција уапси осум члена на десничарска милитантна група осомничени дека планирале бунт против германската држава, соопштија денеска државните обвинители.
Во соопштението се наведува дека осомничените се дел од организацијата наречена „Саксонски сепаратисти“, која е формирана најдоцна до ноември 2020 година и дека четворицата уапсени се основачи на таа група.
Се додава дека станува збор за милитантна група од 15 до 20 члена, со, како што се наведува, расистичка и антисемитска идеологија, пренесе „Ројтерс“.
Обвинителите тврдат дека групата планирала да употреби сила за да воспостави нов систем во источна Германија инспириран од нацизмот.
„Доколку е потребно, преку етничко чистење треба да се отстранат несаканите групи луѓе од тој простор“, се наведува во соопштението.
Се посочува дека седум члена на групата се уапсени во и во близина на Лајпциг, Дрезден и Мајсен, а еден е приведен во Герлик во германската сојузна покраина Саксонија.
Свет
Огромни промени во обложувачниците: Трамп значително расте, Харис паѓа
Значајни промени се случуваат во обложувачницата „Полимаркет“ на денот на американските избори.
Шансите, според оваа обложувачница, значително се зголемуваат за Доналд Трамп, а се намалуваат за Камала Харис.
Според „Полимаркет“, ситуацијата во моментот е следна:
Трамп – 63 %
Харис – 37 %
Вчеравечер процентите беа 58 отсто за Трамп и 42 отсто за Харис.
Во „Полимаркет“, каде што процентите се менуваат во реално време, Трамп и Харис во последната недела беа најблиску на 3 ноември кога Трамп имаше 53 %, а Харис 47 %. Пред еден месец, сепак, беа целосно изедначени.
„Полимаркет“ е децентрализирана платформа за предвидување, која им овозможува на корисниците да се обложуваат на исходите на вистински настани, вклучително и политички избори, користејќи криптовалути.