Свет
Историско обраќање на Путин: Тие ја почнаа војната, а ние користиме сила за да ја запреме
Рускиот претседател Владимир Путин држи говор за состојбата на нацијата пред двата дома на рускиот парламент неколку дена пред годишнината од почетокот на војната во Украина.
Тој рече дека говорот го одржува во многу тешко време, во време кога се случуваат историски промени за Русија и нејзиниот народ.
„Секој од нас има голема одговорност. Пред речиси една година, за да го заштитиме нашиот народ од заканите што доаѓаа од режимот во Киев, решивме да почнеме специјална воена операција“, нагласи Путин додавајќи дека Москва претходно се обидела да го реши проблемот на мирен начин и била трпелива.
„Сепак, тие подготвуваа друго сценарио зад нашиот грб“, рече Путин.
Претседателот на Русија рече дека од 2014 година Донбас верувал и чекал Русија да дојде и да даде помош.
Путин рече и дека Западот ги споменува договорите од Минск кога Русија искрено се обидуваше да најде мирно решение.
„Тие си играа со животите на луѓето и играа валкана игра. Нивните лаги и дволичност беа видени во Југославија, Ирак, Сирија…“, рече Путин.
„Мислеа дека може да направат сè, но испадна дека така се однесуваат кон сопствениот народ и го доведуваат во заблуда кажувајќи му за мировните договори за Донбас, сето тоа се лаги. Ние инсистиравме да ги заштитиме нашите интереси и да ја заштитиме нашата позиција. Бевме многу отворени и искрени за дијалог со Западот и инсистиравме Европа и остатокот од светот да имаат ист систем на одбрана и безбедност. Ова им го предложивме на нашите партнери, а за возврат слушавме неискрени одговори. Тие сакаа да го прошириме НАТО кон нашите граници“, рече Путин.
Тој рече дека Западот ги зајакнува своите воени сили по должината на руската граница.
„Ниту една друга земја нема толку воени бази како САД во светот. Тие имаат стотици, целата планета е покриена со нивните бази“, рече Бајден.
„Во декември 2021 година официјално им пристапивме на САД и Европа и побаравме безбедносни гаранции и добивме директно отфрлање. Тогаш стана јасно дека заканата расте и немаше сомнеж дека во февруари 2022 година сè беше подготвено за акција во Донбас, дека Киев донесе оружје и сè друго“, рече Путин.
Рускиот претседател рече дека сето тоа е спротивно на документите на Обединетите нации.
„Тие ја почнаа војната, а ние користиме сила за да ја запреме. Оние што планираа нов напад на Донбас и Луганск свесно тргнаа кон Севастопол и Крим. Тоа ни беше јасно од самиот почеток. Ние ги штитиме луѓето и нивните домови. Целите на Западот се неограничена моќ. Тие потрошија милијарди за да му помогнат на киевскиот режим“, рече Путин за време на својот говор.
Пред обраќањето на Путин, неговиот портпарол Дмитриј Песков објави дека Путин сам го напишал говорот.
Многумина го нарекоа говорот историски за Русија и истакнаа дека ова не е обраќање на Путин само до Русија, туку до целиот свет. Се очекува говорот да трае еден час.
Во салата е и патријархот московски и на цела Русија, Кирил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

