Контакт

Свет

Во Иран егзекутирани три жени за убиство на сопрузите

Објавено пред

Иранските власти егзекутираа три жени за убиство на сопрузите, соопшти иранска група за човекови права. Меѓу нив е и Сохила Абади, која била обесена во затвор пред да биде осудена за убиство на својот сопруг, со кој се омажила кога имала само 15 години.

dobivaj vesti na viber

Судот како мотив за убиството ги наведе семејните спорови.

Трите жени што беа егзекутирани во средата се дел од групата од 32 лица егзекутирани во изминатата недела, соопшти иранската организација.

Иранските власти оваа година егзекутираа двојно повеќе луѓе од минатата година.

Групите за човекови права велат дека Иран егзекутира повеќе жени од која било друга земја во светот, а повеќето од нив се обвинети за убиство на сопрузите.

Регион

Шекеринска од Брисел: Мирот во БиХ е црвената линија на НАТО

Објавено пред

Радмила Шекеринска, заменичката на генерален секретар на НАТО, се обрати до медиумите од седиштето на Алијансата во Брисел, пред состанокот на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина со холандскиот премиер Марк Руте.

dobivaj vesti na viber

Во изјавата што доаѓа во клучен момент за регионот, Шекеринска јасно стави до знаење дека НАТО останува цврсто ангажиран во Западен Балкан, особено кога станува збор за безбедноста и стабилноста на Босна и Херцеговина.

– Нашата посветеност кон БиХ и целиот регион трае со години, а неодамна министрите за надворешни работи на членките на НАТО ја потврдија оваа непоколеблива посветеност, рече таа, предупредувајќи дека Алијансата сè уште е загрижена за развојот на политичката ситуација во БиХ, пренесуваат тамошните медиуми.

Во своето обраќање, Шекеринска нагласи три клучни позиции на НАТО:

– Прво, таа нагласи целосна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина, во согласност со Дејтонскиот мировен договор. – Дејтон мора да остане основа на државната стабилност и ред во Босна и Херцеговина, нагласи таа.

– Второ, таа предупреди за важноста на почитувањето на уставниот поредок: – Нема да толерираме создавање безбедносен вакуум или какво било поткопување на цврсто воспоставениот мир. Во ова ќе соработуваме тесно со меѓународните партнери.

Таа додаде дека стабилна и функционална БиХ не е само во интерес на нејзините граѓани, туку е и важен безбедносен интерес на НАТО.

– Трето, дека Босна и Херцеговина е важен партнер на НАТО.

„Подготвени сме дополнително да ја зајакнеме соработката преку капацитетите што веќе се присутни на терен, вклучувајќи го и нашето седиште во Сараево, како и политичката и техничката поддршка“, изјави таа.

Посебен акцент беше ставен на континуираната соработка со мисијата Алтеа на ЕУФОР, како и на зачувувањето на авторитетот на високиот претставник.

Шекеринска заклучи дека НАТО го поддржува европскиот и евроатлантскиот пат на Босна и Херцеговина и дека очекува континуирани реформи и конструктивен дијалог со домашните институции, со порака дека многу е веќе направено, но дека клучните можности за напредок допрва треба да дојдат.

Прикажи повеќе...

Регион

Лавров: На Словените им е забрането она што им е дозволено на Албанците

Објавено пред

Од перспектива на Западот, Словените немаат право на самоопределување за разлика од Албанците, изјави денес рускиот министер за надворешни работи ,Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

Тој, споредувајќи ги ситуациите во Косово и на Крим, рече дека Западот се спротивставил на референдумот во Крим, а го поддржал едностраното прогласување независност на српската покраина поради, како што рече, расизам.

„Не, вие не можете, вие сте Словени, а ние имаме Албанци“. Тоа се расистички работи. Ние веќе никому ништо не му должиме, ќе се однесуваме како што сакаме“, рече Лавров во интервју за „Комерсант“.

Тој рече дека немало референдум во Косово, туку дека претставникот на ОН, поранешниот претседател на Финска, Марти Ахтисари, само рекол дека Косово е независно по налог на САД.

„Во Косово не се одржа никаков референдум. Таму, претставникот на ОН, поранешниот претседател на Финска, Ахтисари, кој беше вознемирен поради тоа, излезе и рече ‘Косово сега е независно’. Ниту референдум ниту ништо. Американците му рекоа дека треба да го направи тоа – и тој го направи“, рече Лавров.

Тој објасни дека во тој момент Западот целосно го игнорирал територијалниот интегритет на Југославија, иако немало закана за албанското население во покраината.

„Тие целосно го игнорираа територијалниот интегритет на Југославија! Во времето на едностраното прогласување на независноста на Косово немаше борбени операции на територијата околу тој дел од Србија и немаше закана за населението во Косово, кое наводно требаше да се спаси. Имаше резолуција што беше усвоена дури и пред Косово да ја прогласи својата независност. Советот за безбедност на ООН одлучи дека таму треба да има српски полицајци, дека српските граничари треба да стојат на надворешната граница на Косово – но тие, едноставно, плукнаа на тоа! И тргнаа по патот на сецесија“, рече Лавров.

Прикажи повеќе...

Свет

Унгарија забранува јавни активности на ЛГБТ-заедницата во земјата

Објавено пред

Унгарскиот парламент усвои уставен амандман што ѝ дозволува на владата да забрани јавни активности на ЛГБТК+ заедницата, објави денес АП.

dobivaj vesti na viber

Адвокатите и критичарите ја оценија одлуката на унгарскиот парламент како уште еден чекор кон авторитаризам,ж наведувајќи дека популистичката влада продолжува да ги ограничува правата на ЛГБТК+ заедницата

Амандманот беше предложен од владејачката коалиција Фидес-КДНП, предводена од премиерот Виктор Орбан, а пред гласањето опозициските политичари и демонстрантите се обидоа да го блокираат влезот во паркинг-гаражата на парламентот за да ги спречат пратениците на владејачката партија да влезат, а полицијата ги отстрани.

Амандманот предвидува забрана за јавни ЛГБТК+ настани, вклучително и Парадата на гордоста, која привлекува илјадници посетители годишно во унгарскиот главен град Будимпешта.

Новиот амандман им овозможува на Унгарците што имаат двојно државјанство во земја надвор од европската економска зона да им биде суспендирано државјанството доколку се сметаат за закана за јавниот ред, јавната или националната безбедност.

Ова е 15-тиот последователно усвоен амандман на унгарскиот Устав, кој партијата на Орбан го изготви и одобри во 2011 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Приврзоците на ДУИ денес глумат глас на совеста, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во статус на социјалните мрежи се огласи по критиките од опозициските партии за одговорноста...

Македонија2 часа

Ако има пропусти, ќе има одговорност, рече Таравари за пациентот што почина чекајќи операција на Кардиохирургија

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека ќе има одговорност ако бидат утврдени пропусти во случајот со смртта на пациентот...

Македонија3 часа

„Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка да поднесе оставка, а тој не“, велат од СДСМ

„Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка во Советот на општина Кочани од оваа партија да поднесе оставка од...

Македонија3 часа

ДУИ: Вистинското лице на една власт што не знае што значи одговорност, ниту министерот за внатрешни работи ниту директорот на Бирото за јавна безбедност не поднесоа оставка

„Во Република Северна Македонија постои јасна традиција: кога ќе се случи голема трагедија, министрите поднесуваат оставка – како морален чин,...

Македонија3 часа

(Видео) Партијата Левица: Радијата да имаат третман како телевизиите – порталите по еден вработен

Партијата Левица поднесе амандман во интерес на порталите и радијата по однос на Законот за медиуми. Пратеникот и портпарол на...

Свет5 часа

Претседателот на „Харвард“: Партиите не треба да диктираат што да учат универзитетите

Претседателот на Харвард, Алан Гарбер, вчера во јавно писмо напиша дека најстариот и еден од најпочитуваните универзитети во САД се...

Свет5 часа

„Харвард“ ги отфрли барањата на Трамп, губи 2,2 милијарди долари федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп објави дека замрзнува повеќе од 2 милијарди долари федерално финансирање за Харвард, само неколку часа...

Европа5 часа

Лавров: САД блокираа 95 отсто од трговијата со Русија, но ние не бараме милост

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не бара укинување на санкциите, но системот на американски мерки...

Македонија17 часа

(Видео) „Сите идеали не се вредни колку солзите на едно дете“ со насолзени очи советничка во Кочани си поднесе оставка

Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кочани, Кристина Атанасова Арсова, денес на седницата за избор на в.д. градоначалник си...

Регион18 часа

Бугарија бара одговор: Три месеци чекаме РСМ да одлучи дали ќе работиме или само ќе разговараме за Коридорот 8

До денес, Коридорот 8 зависи од желбата и политичката волја на Република Северна Македонија. Испративме договор таму за единственото нешто...

Свет19 часа

Медведев до Мерц: „Размисли двапати нацисту“

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, го нарече новиот германски канцелар, Фридрих Мерц, нацист поради, како што рече,...

Свет21 час

Русите се огласија по крвавиот напад на Суми: Цел ни беше состанокот на воените команданти

Еден ден по рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми, во кој беа убиени најмалку 34 лица, меѓу кои две...

Македонија22 часа

Во Скопје се лекуваат девет повредени во пожарот во Кочани, во странство 48

Во Скопје се лекуваат уште девет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во странство 48, информира министерот...

Македонија23 часа

Палевски тврди дека не ги извршил убиствата и грабнувањата: „Ако сакав пари, ќе уценував милијардери, имав 200.000 телефонски разговори“

Љупчо Палевски, првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, сведочи во Основниот кривичен суд во Скопје тврдејќи...

Македонија1 ден

„Филипче, наместо Клинички центар, изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче во улогата како министер за здравство под СДС, ја покажа неспособноста на една власт да ја разбере суштината на...

Македонија1 ден

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

„Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, која требаше и мораше да донесе правда, се претвори во фарса. И...

Европа1 ден

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Додека Очите на Европа и на Запад главно се насочени кон војната во Украина, тензиите на Западен Балкан растат се...

Македонија1 ден

Грантови од 10.000 евра за младите земјоделци, велат од Владата

„Приоритет на Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е развој на македонското земјоделство, со посебен акцент на младите...

Македонија1 ден

ЦУК: Пронајдени рачни бомби во нива во Тетовско и американска авионска бомба од минатите војни во Битолско

За пронајдени неексплодирани убојни средства известува РЦУК Тетово. Конкретно, преку 112 во ЦУК е пријавено пронаоѓање рачни бомби на приватна...

Македонија1 ден

ДУИ: Прес-конференцијата на Тошковски и Коцевски – најголемата карикатура на заробената држава

„Прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител Љупчо Коцевски претставува најголемата карикатура на заробената држава“, велат...