Свет
Во Ирска опаѓа бројот на заразени од коронавирус

Ирска е една од ретките земји која со воведувањето ригорозни мерки регистрира пад на бројот на новоинфицирани од коронавирус за речиси три недели, а според последните податоци, во средата имало 675 нови случаи, што е најмалку од 9 октомври.
Министерството за здравство во средата објави шест смртни случаи од Ковид-19, пренесува „Ројтерс“.
Владата на премиерот Мајкл Мартин минатата среда го врати највисокото ниво на ограничувања во борбата против коронавирусот и ги затвори сите продавници на шест недели, освен оние за набавка, во рестораните се служи само храна за носење, а граѓаните се ограничени да се движат на најмногу пет километри. Две недели порано сите ресторани беа затворени, а бројот на семејни посети беше ограничен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
На улиците во Атина температурата е повисока од 70 степени

Грците стоички го поднесуваат топлотниот бран кој, според метеоролозите, ја „пржи“ земјата и кој ќе трае до крајот на неделата. Улиците се пусти, животот како да замрел, на плажите, што ретко се гледа, речиси и да нема капачи, пишуваат медиумите во регионот.
Моментално, според написите, постои опасност од пожар на Халкидики, Тасос и Евија, а воведени се посебни мерки за заштита на локалното население и туристите.
Вчера, во раните утрински часови, термалните камери веќе регистрираа температура од над 70 степени на асфалтот и зградите во Атина. Акрополо како главна атракција во Атина е затворена за посета од 12:00 до 17:00 часот. Улиците се исто така пусти, има многу помалку сообраќај, туристите се ограничуваат на прошетки низ тесните улички и посета на Националниот парк. Грчките власти отворија во секоја општина јавен простор со климатизација каде што жителите и гостите можат да се заштитат од топлината, на некои места во центарот, особено на Синтагма, се делат шишиња со вода. Сите работи на отворено се забранети, работата на службите за брза достава е ограничена.
Топлотниот бран ја зафати целата земја, а опасноста од пожари е зголемена, особено во таканаречените портокалови зони кои моментално се прогласени во централна Грција, источен Пелопонез и јужните острови. Сепак, се стравува дека ветерот ќе се засили кон крајот на неделата, што би можело да предизвика нови пожари. Досега се регистрирани 40 пожари дневно, најдраматичен беше во Коринт, каде што во изминатите два дена изгореа 1.200 хектари борова шума и десетина куќи, населението беше евакуирано од шест општини, од кои Кастања беше најтешко погодена, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Почина Халк Хоган: легендарен американски кечер и глумец

Како што објави TMZ Sports, легендарниот американски кечер Халк Хоган почина на 71-годишна возраст.
Итна помош беше испратена во неговиот дом во Клирвотер, Флорида, во раните утрински часови во четврток по пријавите за срцев удар. Според последните информации, пред куќата биле неколку полициски возила и брза помош, а Хоган бил изнесен на носилка и однесен во болница.
Само пред неколку недели, неговата сопруга Скај ги негираше шпекулациите дека Хоган е во кома, велејќи дека неговото срце е силно и дека се опоравува од неколку операции. Еден месец претходно, се појави информација дека „умира“, но потоа се тврдеше дека станува збор за компликации по операцијата на вратот во мај, според светтските агенции.
Хоган првпат беше примен во Куќата на славните на WWE во 2005 година, но беше отстранет во 2015 година поради скандалот што избувна кога протече снимка што содржеше расистички коментари, снимени без негово знаење за време на интимна врска.
Тој беше примен во Куќата на славните на WWE по втор пат во 2020 година – овој пат како член на NWO.
Хоган имаше и значајна филмска кариера, која започна во 1982 година со улогата на Тандерлипс во филмот Роки III.
Тој беше и ѕвезда на популарното реално шоу „Хоган знае најдобро“ на телевизијата VH1, каде што публиката можеше да го следи неговиот секојдневен живот со неговото семејство – Линда, Ник и Брук.
Поради бројните повреди во текот на кариерата, Хоган имаше голем број операции. Во интервју со Харви Левин, тој изјави дека практично повеќе нема никакви оригинални делови од телото, пренесуваат медиумите.
Фото: принтскрин
Регион
Седумгодишно дете се удави во Грција: уапсени се родителите

Родителите на седумгодишно дете се уапсени од страна на грчката крајбрежна стража под обвинение за изложување на малолетник на опасност, а досието за случајот веќе е испратено до надлежниот обвинител, јавуваат тамошните медиуми.
Седумгодишното дете инаку француски државјанин според последните информации, носело маска за пливање и пловело во водата, без да се движи, а неговите родители првично мислеле дека само си игра но подоцна забележале дека не реагира. Капачи, спасители на EKAB се упатиле кон местото на настанот, но и покрај нивните напори, детето починало. Според написите во тамошните медиуми детето наводно јадело храна два часа пред да влезе во водата, пишува „Неакрити“.
Според официјалното соопштение на Крајбрежната стража „вчера напладне, Пристанишната управа на Ираклион беше информирана дека 7-годишен странец (француски државјанин) е извлечен во несвест од плажата Маде во општина Малевизи.
Во написите се наведува дека 7-годишниот Французин бил на Крит со своите родители на неколкудневен одмор. Вчера, тие отишле како семејство на плажата Маде за да се искапат попладне.
Во еден момент, 7-годишникот ја изгубил свеста додека пливал, а спасувачот го лоцирал и го извлекол од морето. Со извршување на кардиопулмонална реанимација врз него, тој бил вратен во живот и со амбулантно возило на EKAB бил транспортиран во болница.
За инцидентот е наредена обдукција за да се разјаснат причините за неговата смрт.