Европа
Во Казахстан запленет накит вреден 230 милиони долари, во случајот вмешан и внукот на поранешниот претседател
Казахстанската антикорупциска агенција извести за заплена на дијаманти и накит во вредност од повеќе од 230 милиони долари како дел од аферата во која е вмешан внукот на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев.
„За време на операцијата за пребарување во странство, запленети се дијаманти и накит во вредност од над 230 милиони долари и вратени ѝ се на државата“, се наведува во соопштението на агенцијата.
Накитот е запленет како дел од новата истрага против претприемачот Каират Сатибалди – внук на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев, кој беше на власт 30 години, до 2019 година – додава агенцијата за борба против корупцијата за АФП.
Сатибалди, уапсен во март и обвинет за злоупотреба на пари од „Казахстантелеком“ – државниот телекомуникациски оператор – и за „други кривични дела на штета на државната безбедност“, е првиот член на семејството Назарбаев, кој е уапсен. Во септември тој беше осуден на шест години затвор, пишува медиумот.
Според антикорупциската агенција, „300-те милиони долари што Сатибалди ги инвестирал во странски обврзници ќе бидат уплатени во буџетот на Казахстан“, голема централноазиска земја богата со нафта и гас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви
Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ.
Пожарот избувна на четвртиот кат од хотел со 11 ката во ски-центарот Карталкаја во Болу рано наутро во вторникот, а пожарникарите се уште работат на гаснење, изјави за ТРТ гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Тој рече дека причината за пожарот не е позната, но дека властите ќе истражат, додавајќи дека пожарот започнал на подот од ресторанот. Во хотелот имало 234 гости, додаде гувернерот.
Европа
Папата го критикува планот на Трамп: „Срамота“
Папата Франциско ја критикува најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе почне построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации, по преземањето на функцијата.
Во интервју за италијанската телевизија „Канал 9“, папата рече дека би било срамота доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави „Ројтерс“ во понеделникот додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Католичката црква.
Франциско, духовниот водач на 1,4 милијарда католици, обично внимателно ги избира зборовите кога зборува за политички прашања.
Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе ја платат неплатената сметка“.
„Тоа не функционира. Така не го решавате проблемот“, рече папата.
Европа
Се судрија два брода на реката Елба, 11 повредени
Единаесет лица се повредени кога транспортен брод се судри со траект на реката Елба во северниот германски пристаништен град Хамбург, соопштија денеска пожарникарите.
Едно лице добило повреди опасни за животот, изјави портпаролот во близина на местото на несреќата. Бродовите се судрија рано утрото во близина на мостот „Колбранд“ во југозападниот дел на Хамбург.
Причините за несреќата сè уште не се познати.