Свет
Во нападот во Најроби убиени 14 луѓе, елиминирани и напаѓачите

Кенискиот претседател Ухуру Кенијата соопшти дека заложничката драма во луксузниот хотелски комплекс во Најроби е завршена и дека напаѓачите се елиминирани. Вооружените напаѓачи убија најмалку 14 луѓе.
Драмата траеше со часови, а притоа се слушаа експлозии и пукотници.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Ал Шабаб со седиште во Сомалија. Не е јасно колку напаѓачи учествувале во нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иранскиот министер за надворешни работи: Вклучувањето на САД во конфликтот би било многу, многу опасно

Министерот за надворешни работи на Иран Абас Аракчи изјави дека неговата земја не може да преговара со Соединетите држави додека нејзиниот народ е бомбардиран. Тој, исто така, тврди дека „САД се вклучени во агресија од првиот ден“ иако за тоа не дал никакви докази, пишува Би-Би-Си.
Зборувајќи за новинарите во Истанбул, каде што ги продолжува дипломатските разговори, Аракчи предупреди дека вклучувањето на САД во конфликтот меѓу Израел и Иран би било „многу, многу опасно“.
Иранскиот министер за надворешни работи нагласи дека е „апсолутно подготвен за решение преку преговори“ во врска со нуклеарната програма. Во 2015 година, Иран потпиша долгорочен договор за својата нуклеарна програма со група светски сили, по години напнатост поради сомневањата дека се обидува да развие нуклеарно оружје.
Аракчи додаде: „Дипломатијата работеше во минатото и може повторно да работи. Но, за да се вратиме на дипломатијата, агресијата мора да престане“.
Свет
(Видео) Израел објави снимка од ликвидацијата на командантот на Иранската револуционерна гарда

Израелското Министерство за надворешни работи објави видео од ликвидацијата на командантот на единицата за пренос на оружје на Иранската револуционерна гарда.
Бехнам Шахријари, командантот на Единицата за пренос на оружје на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и припадник на силите Кудс, бил убиен во прецизен напад на израелската армија (ИДФ) во западен Иран.
„Шахријари беше одговорен за сите трансфери на оружје што иранскиот режим им ги испраќа на своите групи низ Блискиот Исток со цел да ја спроведе стратегијата за уништување на Израел. Тој го предводеше трансферот на стотици милиони долари годишно на терористички организации“, се вели во соопштението.
🔴ELIMINATED: Behnam Shahriyari, commander of the Quds Force’s Weapons Transfer Unit in the IRGC, was eliminated in a precise IDF strike in western Iran.
Shahriyari was responsible for all weapons transfers from the Iranian regime to its proxies across the Middle East in order… pic.twitter.com/jKusiBTEJi
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) June 21, 2025
Тој исто така, како што се додава, го водел трансферот на стотици милиони долари годишно на различни терористички организации. Покрај финансирањето, бил и клучна фигура во снабдувањето на тие групи со оружје, што довело до смрт и ранување на бројни израелски цивили и војници.
Бил убиен на повеќе од илјада километри од границата со Израел во западен Иран.
Свет
Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Русија постојано му укажувала на Израел дека нема докази оти Иран планира да развие нуклеарно оружје, го цитира „Скај њуз“ рускиот претседател Владимир Путин во денешното интервју.
„Русија, како и ИАЕА (Меѓународната агенција за атомска енергија), никогаш немала докази дека Иран се подготвува да развие нуклеарно оружје, како што постојано му укажувавме на израелското раководство“, изјави Путин.
„Русија е подготвена да го поддржи Иран во развојот на мировната нуклеарна програма“, рече Путин, додавајќи дека Иран има право на тоа.
На економскиот форум вчера во Санкт Петербург, Путин рече дека Русија ги споделува своите идеи за тоа како да се запре крвопролевањето во иранско-израелскиот конфликт со двете страни.