Свет
Во САД откажани дури 2.300 летови за Нова Година
До утринските часови, повеќе од 2.300 летови беа откажани во источниот дел на САД, соопшти денеска службата за следење летови ФлајрАвер.
Тоа е најголем број откажани летови во еден ден пред католички Божиќ, кога авиокомпаниите изјавија дека морале да ги откажат летовите поради зголемениот број заразени со Ковид-19 меѓу персоналот, пренесе АП.
Повеќе од 12.000 летови за САД се откажани од 24 декември. Откажувањето на денешните летови не беше само поради коронавирус.
Поради лошите временски услови, Чикаго беше најлошото место во САД за патници, откажани се 800 летови на аеродромот О’Хер и повеќе од 250 на аеродромот Мидвеј.
Синоптичарите предвидуваа снег од девет сантиметри. Во Денвер, Детроит, Њујорк и Њу Џерси откажани се 100 летови.
Авиокомпаниите велат дека преземаат чекори за намалување на откажувањата на летовите. Јунајтед им нуди на пилотите да им исплати три пати повеќе од вообичаената плата за летови до средината на јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа
Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се случи по евентуалниот пад на иранскиот режим. Одговарајќи на прашање од европски дописник, Калас предупреди дека промената на владата не мора да гарантира подобра иднина за земјата.
„Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа“, рече таа.
Во врска со моменталната ситуација во Иран, Калас рече дека исходот е нејасен. „Во моментов е нејасно дали режимот ќе падне или не, јасно е дека протестите се масовни“, рече таа.
„Исто така е јасно дека режимот брутално ги потиснува и убива луѓето за да навистина всади страв во општеството“, додаде таа.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа

