Свет
Во САД, поради високите облакодери, секоја година умираат околу 600 милиони птици

Во САД околу 600 милиони птици умираат секоја година поради тоа што се залетале кон облакодер, јави Си-ен-ен.
Според истражувањето на Лабораторијата за орнитологија во Корнел, Чикаго, Хјустон и Далас, облакодерите се смртоносни за птиците.
Проблемот е посебно изразен во миграциската сезона напролет и наесен кога милијарди птици патуваат помеѓу Канада и Латинска Америка и поминуваат низ САД.
Се проценува дека секоја година во САД на овој начин умираат повеќе од половина милијарди птици.
Птиците ги дезориентираат светлината и рефлексијата, но може да ги збунат и цвеќињата на прозорците. Организацијата „Лајтс аут Њујорк“ апелира до жителите на високите згради и облакодерите да ги гасат непотребните светла за време на миграциската сезона за да ги заштитат птиците и истовремено да го намалат трошокот на електричната енергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции, повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детално ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија во четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откако најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Насилни протести против претседателот во Перу: еден мртов, прогласена вонредна состојба

Најмалку едно лице беше убиено, а десетици полицајци беа повредени во широките ноќни протести во Перу против претседателот Хозе Хери, кој ја презеде власта пред само неколку дена, соопшти канцеларијата на народниот правобранител.
Владата ќе прогласи вонредна состојба во главниот град Лима во рок од неколку часа и подготвува пакет мерки за справување со растечката несигурност, изјави премиерот Ернесто Алварез на прес-конференција доцна синоќа.
🇵🇪WATCH:
Visuals from Peru show Gen Z led protests turning violent in front of the Congress building in Lima, with clashes leaving at least one dead and over 70 injured, including police officers.
The demonstrations erupted less than a week after José Jeri took over as interim… pic.twitter.com/xWxkZGJKyP
— Aares (@aares0205) October 16, 2025
Протестот, свикан од демонстрантите од младата генерација Z, транспортните работници и граѓанските здруженија, беше најновиот во серијата демонстрации против корупцијата и растечкиот криминал во земјата што доведоа до драматично соборување минатата недела на поранешната претседателка Дина Болуарте, на која едногласно и беше изгласана недоверба и разрешување од функцијата од страна на перуанскиот Конгрес.
Илјадници демонстранти се собраа низ целата земја, а стотици се судрија со полицијата пред Конгресот во Лима. Полицијата испука солзавец, а некои фрлаа огномет, камења и запалени предмети. „Сите мора да си одат!“ извикуваа демонстрантите додека пристигнуваа во Конгресот и се обидуваа да ги срушат металните бариери што ја штитеа зградата, што доведе до судири.
Едуардо Маурисио Руиз, 32, беше убиен за време на протестот и неговата смрт ќе биде истражена, изјави Фернандо Лосада, портпарол на Канцеларијата на народниот правобранител. Канцеларијата на перуанскиот обвинител соопшти дека Руиз починал откако бил застрелан.
Претседателот го изрази своето жалење за смртта на Руиз во објава на Икс, велејќи дека смртта ќе биде истражена „објективно“. Тој ги обвини за насилството „деликвентите кои се инфилтрирале во мирните демонстрации за да посеат хаос“. „Врз нив ќе биде применета целосната сила на законот“, напиша тој.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот „Вудро Вилсон“ во Белград на вода, објави РТС.
Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23:13 часот.
„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.
На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледа телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.
фото: принтскрин