Свет
Во светот 716.482 заболени од коронавирус, починале 33.691
Бројот на заболени од коронавирус до синоќа до 22 часот бил 716.482, 33.691 лице починале, а 150.889 луѓе се излекувани.
Од 531.902 активни случаи, 505.165 пациенти имаат лесни симптоми, а 26.737 пациенти се во сериозна или критична состојба.
Епидемијата се шири најбргу во САД, при што за 24 часа регистрирани се 15.330 нови случаи, со што вкупниот број достигна 138.908.
Следува Италија со 97.689 случаи, 5.217 повеќе од саботата, Шпанија со 81.439 (5.663 повеќе), Германија со 62.095 случаи (4.400 повеќе) и Франција со 40.174 случаи (2.599 повеќе).
Во моментот во Кина има само 2.691 активен случај, а сите новозаболени се кинески државјани што доаѓаат од други земји.
Италија останува земја со најголем број смртни случаи во светот. Во изминатите 24 часа во таа земја починале 756 луѓе, а вкупно 10.779 од почетокот на епидемијата.
Шпанија вчера објави 636 смртни случаи, со вкупно 6.618. Во Кина од почетокот на епидемијата регистрирани се 3.300 смртни случаи, а само пет во изминатите 24 часа.
Иран има 2.640 смртни случаи, 123 повеќе од претходниот ден, во Франција бројот на починати е 2.606, што е зглемување од 292 од саботата, а во САД починаа 2.438 лица, 218 повеќе од претходните 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во лизгањето на земјиштето во Индонезија 25 луѓе го загубија животот
Спасувачите денеска ги прекинаа операциите за пребарување на жртвите во лизгањето на земјиштето во индонезиската покраина Западна Јава, откако беа пронајдени 14 тела на вториот ден од операциите, со што вкупниот број потврдени жртви достигна 25, пренесе ДПА, повикувајќи се на официјален претставник.
Обилните дождови што почнаа еден ден претходно предизвикаа лизгање на земјиштето вчера изутрината во близина на село во округот Западен Бандунг.
Официјални претставници изјавија дека до 80 лица се уште се водат како исчезнати.
„Сите тела беа евакуирани до 16 часот во центарот за идентификација на жртвите од катастрофата. Подоцна во текот на денот, спасувачките операции беа прекинати поради безбедносни причини, бидејќи условите на теренот во погодената област останаа нестабилни и постоеше ризик од понатамошно лизгање на земјиштето“, изјави Аде Диан Пермана, раководител на службата за пребарување и спасување во Бандунг.
Лизгањето на земјиштето често се случува во Индонезија за време на дождовната сезона, особено во густо населените и планински области на Јава, најнаселениот остров во земјата, пренесе ДПА.
Свет
Зеленски побара од сојузниците повеќе муниција за одбрана на Укаина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од сојузниците повеќе муниција за противвоздушната одбрана на Украина со цел подобро да се спротивстави на руските напади, што оставија стотици илјади жители на Киев без електрична енергија и греење сред зима.
„Само оваа недела, Русите лансираа повеќе од 1.700 борбени беспилотни летала, повеќе од 1.380 наведувани бомби и 69 ракети од различни видови. Затоа ракетите за системите за противвоздушна одбрана се потребни секој ден, и ние продолжуваме да соработуваме со САД и Европа за да обезбедиме подобра заштита на нашиот воздушен простор“, рече Зеленски по пристигнувањето во Вилнус, објавија француските медиуми.
Зеленски во Вилнус се сретна со претседателот на Литванија, Гитанас Науседа. На средбата станало збор за поддршката на украинскиот енергетски систем и воената соработка меѓу двете земји.
Свет
Поради снежно невреме повеќе од 700.000 домови во САД останаа без струја
Снежно невреме го погоди поголемиот дел од САД, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, додека влошување на временските услови се очекува и во областите на Њујорк, Филаделфија и Вашингтон.
Најтешко погодени се државите Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде што околу 730.000 домаќинства останаа без струја, а се проценува дека дури 190 милиони луѓе се изложени на ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење.
Невремето зафати површина од околу 3.000 километри, од Ново Мексико до Мејн, а во неколку држави е прогласена вонредна состојба. Снежните врнежи и мразот предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, затворање на патиштата и откажување на илјадници летови.
Властите ги повикуваат граѓаните да останат дома, додека центри за затоплување на населението се отворени во Њујорк и Вашингтон.

