Свет
Во социјална установа во Германија пронајдено безживотно тело на девојче, полицијата се сомнева на убиство
Безживотно тело на десетгодишно девојче било пронајдено вчераутро во Германија.
Како што пренесува РТЛ, телото на девојчето (10) било пронајдено во социјална установа за млади во Баварија, Германија.
Специјална полициска комисија ги истражува околностите за нејзината смрт. Според пишувањето на германските медиуми, полицијата сослушува лица за кои постои сомневање дека се вмешани во случајот, кој првично беше карактеризиран како убиство.
Телото на десетгодишното девојче е испратено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Бројот на жртви од поплавите во Шпанија се искачи на најмалку 95 лица, апокалиптични сцени во Валенсија
Бројот на загинати во поплавите во Шпанија се искачи на 95 лица.
Од нив, дури 92 смртни случаи се регистрирани само во регионот на Валенсија.
Pareix que la riuada s'acaba d'emportar un pont a Paiporta. Impressionant! Ens arriba el vídeo per WhatsApp i desconeixem l'autor.
Molta precaució a les rambles, rius i barrancs. A Paiporta no plou però l'aigua els arriba de més cap amunt. pic.twitter.com/LPWrqFtdCQ
— AVAMET (@avamet) October 29, 2024
Уште две лица загинаа во Кастиља-Ла Манча, додека третата жртва беше во Малага.
Министерот за територијална политика, Ангел Виктор Торес, прогласи тридневна жалост и вети дека ќе ги мобилизира „сите национални и европски фондови“ за помош.
People cling desperately to their car roofs as severe floods sweep them away. 😨#DANA #Valencia #SpainFloods #Picanya #Paiporta #Lluvia #Chiva pic.twitter.com/fqXtP35XOJ
— World Crisis Report (@WorldCrisisRepo) October 30, 2024
Министерството за одбрана ангажираше воздухопловни сили, воени психолози и специјално обучени кучиња за пронаоѓање на жртвите. Десетици луѓе ја поминаа ноќта во Валенсија над камиони или автомобили, на покривите на продавници или бензински пумпи или беа заробени во возила на пренатрупани патишта додека спасувачите не ги извлекоа.
Tal que una peli apocalíptica. #Valencia 🤍🤍🤍 pic.twitter.com/X1Voe4D4fR
— Lola Sánchez Caldentey (@LolaPodemos) October 30, 2024
Обилните дождови предизвикаа прекини на електричната енергија кои погодија 140.000 луѓе, затворени патишта и прекинати железнички услуги меѓу Мадрид и регионот на Валенсија и медитеранскиот коридор до Барселона. Невремето сега се движи кон Каталонија.
Регион
ЕУ: Членството на Србија може да биде довдедено во прашање ако не ја усогласи својата политика со нашата
Усогласувањето со вредностите на ЕУ, почнувајќи од владеењето на правото и со заедничката надворешна и безбедносна политика, е најважниот показател за стратешката ориентација на земјите кандидати на нивниот пат кон Унијата, рече првиот европски дипломат , Жозеп Борел.
Заедно со комесарот за проширување, Оливер Вархеји, Борел го претстави овогодишниот пакет за проширување, кој вклучува извештаи за напредокот на 10 земји кандидати и потенцијални кандидати.
Србија е единствената која не е целосно усогласена со надворешната и безбедносната рамка на ЕУ, а во извештајот се вели дека земјата не воведе санкции против Русија, дека одржува односи на високо ниво со таа земја и дека ги интензивирала односитесо Кина, „што покренува прашања за нејзината стратешка насока“.
Борел вели дека членството на Србија во ЕУ е „единствениот одржлив начин да се изгради долгорочен просперитет“.
„Ние инсистираме Србија да се усогласи со нашата надворешна и безбедносна политика, чиј важен дел се рестриктивните мерки против Русија и мислам дека Србија ќе се усогласи порано или подоцна, во спротивно членството може да биде довдено во прашање“, рече Борел.
Минатиот петок, за време на посетата на Белград, претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен ја пофали Србија. На заедничката прес-конференција со претседателот Александар Вучиќ, таа рече дека тој лично е „посветен на реформите, особено во основните прашања, владеењето на правото и демократијата“.
„Покажавте дека вашите зборови се проследени со дела“, рече Фон дер Лајен, обраќајќи му се на Вучиќ.
Меѓутоа, во извештајот за напредокот, Комисијата вели дека Србија постигнала „ограничен напредок“ во судството и основните права, дека „нема напредок“ во областа на слободата на изразување.
Србија ги започна преговорите во јануари 2014 година и досега отвори 22 од 35 преговарачки поглавја, додека привремено затвори само две. Комисијата ја повтори минатогодишната оценка дека Србија е технички подготвена да го затвори третиот кластер, кој вклучува поглавја поврзани со пазарната конкуренција и инклузивен раст.
Македонија е најдолго во процесот на преговори, добивајќи кандидатски статус уште во декември 2005 година, но оттогаш нема големи поместувања – прво поради грчкото вето, а денес поради бугарската блокада.
Свет
„Ризично е за сватовите“ – Нетанјаху го жени синот, но сака да ја одложи венчавката, јавува израелскиот јавен сервис
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, сака неговиот син Авнер да ја одложи венчавката поради безбедносни причини, поради војната на неколку фронтови и заканата од дронови, објави денеска израелскиот јавен сервис Кан.
Свадбата на Авнер Нетанјаху е планирана за 26 ноември во регионот Шарон, северно од Тел Авив.
Кан ги цитира зборовите на премиерот на Израел кој им рекол на соработниците дека настанот може да претставува ризик за сватовите
Кабинетот на премиерот на Израел не одговори на извештајот, според „Тајмс оф Израел“.
Беспилотно летало на милитантниот Хезболах удри во спална соба во домот на Нетанјаху во Цезареја претходно овој месец, предизвикувајќи штета, а неговото семејство во тоа време не беше таму.