Свет
Во Франкфурт слета авион со стотина Германци од Вухан
Авион со 100 германски државјани слета на аеродромот во Франкфурт од Вухан, кинескиот град каде се појави епидемијата на новиот вирус.
Во авионот биле 102 Германци и 26 странски државјани.
Патниците ќе мораат да пројдат лекарска контрола на самиот аеродром по што ќе бидат однесени во воена база каде ќе бидат две недели во карантин.
Германските власти пред слетувањето на авионот навеле дека никој од патниците нема симптоми на болсета. Во Германија се регистрирани седум случаи на инфекцијата на коронавирусот.
Според последниот биланс, во Кина од вирусот починаа 259 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелска армија: Убиен функционер на Хезболах задолжен за односите со сириската армија
Израелската армија денеска соопшти дека во Дамаск убила висок функционер на либанската милитантна група Хезболах, Салман Џума, кој бил одговорен за врските на групата со сириската армија.
Либански безбедносен извор изјави за Ројтерс претходно денеска дека Џума бил убиен во израелски воздушен напад врз автомобил во близина на сириската престолнина.
Сириската државна новинска агенција САНА го објави нападот на автомобил на патот што води од Дамаск до аеродромот, но не соопшти дали има жртви.
Регион
Пронајдени закопани две новороденчиња во Хрватска, родителите приведени
На територијата на Вараждинската жупанија во Хрватска, голем број припадници на полицијата и други служби пронајдоа закопани две новороденчиња.
„Ексхумацијата е во тек врз основа на полициската истрага. Тоа семејство не е од тука, се преселиле овде, па ни се непознати. Не знам како полицијата ги добила овие сознанија или детали од истрагата. Полицијата ги има сите информации и ќе видиме што навистина се случило, дали причината за смртта е неухранетост или нешто друго“, изјави началникот во телефонски разговор.
Наводно станува збор за доселеници во општината, а телата биле пронајдени во дворот на нивната семејна куќа.
Медиумите јавуваат дека семејството е приведено.
Свет
Блинкен: САД и НАТО се решени да продолжат да ја поддржуваат Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД и НАТО се решени да продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината борба на бојното поле и против руските напади врз нејзината енергетска инфраструктура.
Тој го изјави ова за време на заедничкиот говор со генералниот секретар на НАТО Марк Руте на маргините на министерскиот состанок на Алијансата во Брисел, пренесува Укринформ.
„Ние сме решени да ја продолжиме работата што ја работевме заедно во изминатите четири години и што ја зајакна оваа Алијанса на извонреден начин – со нови членки, нови ресурси и средства и, имаме нова решеност да продолжиме да ја поддржуваме Украина за време на агресијата на Руската Федерација и борбата против многу други закани и предизвици“, рече Блинкен.