Свет
Во Хрватска има закана од поројни поплави, најпогодена Истра
Во некои делови на Хрватска се очекува да бидат најавени мерки за одбрана од поплави поради порастот на водостојот во пониските делови на речните сливови по обилните врнежи од дожд, а можни се и поројни поплави и одрони, особено на планинските патишта и на јадранската магистрала, пишуваат хрватските медиуми.
Поради силниот дожд што го донесе циклонот, кој синоќа преку Јадранот пристигна во Хрватска, постои закана од поројни поплави, а први на удар се Истра и Кварнер, јави ХРТ.
Најмногу дожд наврна во поширокото подрачје на Риека, меѓу 100 и 200 милиметри на квадратен метар, пренесува „Истрамет“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тони Блер: Треба да донесеме трета страна за да ја завршиме војната во Газа
Поранешниот британски лидер Тони Блер денеска изјави дека треба да се донесе трета страна да управува со Газа за да се стави крај на војната во областа, истовремено изразувајќи ја поддршката за војната на Израел против либанското движење Хезболах.
Кога Блер беше британски премиер за време на војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година, тој го поддржуваше Израел и се спротивстави на повиците на неговата влада да воведе ембарго, пренесува „Политико“.
Тој ги поврза сегашните непријателства со кршењето на Хезболах на резолуцијата за прекин на огнот од 2006 година на Советот за безбедност на ОН, со која се повикува движењето да се повлече од границата со Израел и да се разоружа.
Регион
Бугарија до своите граѓани: Веднаш напуштете го Иран
Бугарија денеска ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Иран поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, јавува „Анадолија“.
На Бугарите им се препорачува строго да ги следат безбедносните упатства на локалните власти, да бидат информирани за ситуацијата и да избегнуваат посета на воени локации и масовни собири“, се вели во соопштението на бугарското МНР.
Се препорачува бугарските државјани во Иран веднаш да стапат во контакт со бугарската амбасада во Техеран за да дадат детали за своето место на живеење и планираното времетраење на престојот или со јавување во Амбасадата или преку е-пошта до Генералниот конзулат во Техеран.
Свет
Двајца белгиски новинари ранети во Бејрут, едниот има фрактура на лицето
Двајца новинари на белгиската телевизија ВТМ се повредени денеска во Бејрут додека известувале за воздушен напад врз центарот на либанската престолнина во време на отворен конфликт меѓу Израел и Хезболах, соопшти нивната редакција.
Воениот репортер Робин Рамаекерс доби фрактура на лицето, а камерманот Стијн де Смет си ја повреди ногата, така што и двајцата беа хоспитализирани. Нивната редакција телефонски разговарала со нив и било потврдено дека не се во животна опасност, изјави портпаролот на медиумската групација „ДПГ медија“, сопственик на ВТМ.
Седум лица беа убиени во израелски воздушен напад врз градот во четвртокот наутро, еден ден по убиството на осум израелски војници во судирите со Хезболах. Израел соопшти дека извршил прецизен воздушен напад врз Бејрут. Три проектили го погодија и јужното предградие Дахиџе, каде што минатата недела беше убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.
Белгиското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе ја следи состојбата на своите повредени новинари. Во Либан моментно има речиси 1.800 белгиски државјани, а стотина изразиле желба да ја напуштат земјата, соопшти белгиската дипломатија додавајќи дека ќе им помогне во тоа.