Контакт

Свет

Во централна Кина прогласен црвен аларм поради недостиг на вода

Објавено пред

Во централната кинеска провинција Џијангси првпат е прогласен црвен аларм поради недостиг на вода бидејќи нивото на водата во најголемото кинеско езеро Појанг падна на рекордно ниско ниво, пишуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Според анализите, Појанг е витален извор на вода за најголемата кинеска река Јангце, а поради сушата во последните три месеци, нивото од 19,43 метри падна на 7,10 метри.

Како што пренесуваат медиумите, нивото ќе продолжи да опаѓа бидејќи во блиска иднина не се очекуваат посериозни врнежи.

И во соседната провинција Анхуи ситуацијата е алармантна бидејќи 10 акумулации не може да испуштаат вода низводно.

Во август беше забележана рекордна висока температура на 267 метеоролошки станици во Кина, а многубројни посеви беа уништени поради ниското ниво на Јангце.

Во последните денови во југозападна Кина паднаа обилни дождови, кои се значајни за животот, но во централните делови на земјата сè уште владее суша, која сега трае и до 70 дена.

Свет

Пентагон бара контрола врз објавите, новинарите предупредуваат на кршење на Првиот амандман

Објавено пред

Бројни водечки американски медиуми, меѓу кои „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Атлантик“ и „Си-ен-ен“, одбија да ја прифатат новата политика на Пентагон, објави „ДПА“. Според изменетите правила, новинарите мора да добијат одобрение од службено лице пред да објават информации – дури и ако не се класифицирани.

dobivaj vesti na viber

Здружението на новинари што известуваат од Пентагон соопшти дека правилата „се чини дека се дизајнирани да ја задушат слободата на печатот“.

Извршниот уредник на „Вашингтон пост“, Мет Мареј, оцени дека тие „ги поткопуваат заштитите од Првиот амандман“. Главниот уредник на „Атлантик“, Џефри Голдберг, истакна дека условите ги кршат правата на Американците „да знаат како се распределуваат воените ресурси“. А Ричард Стивенсон од „Њујорк тајмс“ предупреди дека новата политика „се заканува да ги казни новинарите за рутинско собирање информации“.

Министерот за одбрана Пит Хегсет одговори дека правилата само бараат новинарите „да носат видлива ознака“ и „да не поттикнуваат кривични дела“.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Мелони може да биде инспирација за сите

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ оддаде почит на италијанската премиерка Џорџија Мелони, велејќи дека таа може да биде „инспирација за сите“.

dobivaj vesti na viber

„Џорџија Мелони, големата премиерка на Италија, напиша нова книга. Џорџија работи неверојатна работа за прекрасниот народ на Италија. Таа е инспирација за сите“, напиша американскиот милијардер на својата социјална мрежа Truth Social.

Пораката на американскиот претседател беше илустрирана со фотографија од корицата на книгата на италијанската лидерка, која штотуку беше преведена на англиски јазик.

„Земете го вашиот примерок денес“, предложи Доналд Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп испрати помирувачка порака до Иран, доби остар одговор

Објавено пред

Повикот за мир кој во понеделникот го упати американскиот претседател Доналд Трамп до Иран е во спротивност со постапките на Соединетите Американски Држави кои го поддржаа бомбардирањето на иранските нуклеарни објекти, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Во говорот пред израелскиот парламент во понеделник, Трамп рече дека Соединетите Американски Држави се подготвени да склучат мир со Иран, истакнувајќи дека тоа би било „огромно достигнување“, само неколку месеци откако го поддржа бомбардирањето на иранските нуклеарни објекти од страна на Израел за време на јунската војна.

„Министерот за надворешни работи верува дека желбата за мир и дијалог што ја изрази американскиот претседател е во спротивност со непријателското и криминално однесување на Соединетите Американски Држави кон иранскиот народ“, се вели во соопштението на иранското министерство.

Во понеделник, Трамп изјави дека „ниту САД ниту Израел негуваат никаква омраза кон иранскиот народ“.

„Ние едноставно сакаме да живееме во мир. Дури и на Иран му е подадена рака на пријателство и соработка“, рече тој.

Израел започна невидено бомбардирање против Иран на 13 јуни, при што загинаа високи воени функционери и научници поврзани со нуклеарната програма на Иран, како и стотици цивили. Иран возврати со ракети и беспилотни летала лансирани кон Израел, а војната траеше 12 дена.

По наредба на Доналд Трамп, американските сили бомбардираа три големи нуклеарни објекти во централен Иран на 22 јуни.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот,...

Свет3 часа

(Видео) Трамп по враќањето од Израел: „Ова беше историски ден за светот“

На летот за Вашингтон од Израел и Египет, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“....

Свет3 часа

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме,...

Свет3 часа

(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови...

Свет3 часа

(Видео) „Спејс Икс“ на Маск ја лансираше единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас. Starship's eleventh flight test...

Европа3 часа

(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области,...

Свет13 часа

Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се...

Македонија15 часа

ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за...

Топ15 часа

Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер. Според информациите на Министерството за внатрешни...

Македонија19 часа

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија19 часа

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија21 час

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија21 час

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...

Македонија22 часа

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за...

Македонија23 часа

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија24 часа

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет24 часа

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет24 часа

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија1 ден

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и на Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија1 ден

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...