Свет
„Гардијан“: Русите се обидоа да ги уништат американските „Патриоти“ синоќа во Киев
Дописникот на британски „Гардијан“ од Киев, Лук Хардинг, наведува дека Украина ја проценува штетата предизвикана откако руските сили синоќа и рано утринава извршија голем воздушен напад со исклучителен интензитет врз Киев. Тоа е еден од најинтензивните напади врз главниот град на Украина од минатата година.
Сирените за тревога ги разбудиле граѓаните околу 2.30 часот по локално време, а набргу потоа се слушнале силни експлозии. Стануваше збор за звуците на украинската противвоздушна одбрана, која пресретна и собори руски беспилотни летала и проектили. На небото можеа да се видат светли траги од руски и украински ракети, јави дописникот на „Гардијан“ додавајќи дека од силината на експлозиите биле вклучени алармите на автомобилите. Сирените се огласиле околу 4 часот наутро, вели тој.
Врховниот командант Валериј Жалузниј објави дека противвоздушната одбрана на Киев соборила 18 од 18 лансирани руски ракети и беспилотни летала додавајќи дека градот бил нападнат од север, југ и исток со проектили и беспилотни летала лансирани од копно, море и воздух.
Тој исто така се пофали дека украинската противвоздушна одбрана соборила сет хиперсонични ракети „Кинжал“, најмоќните ракети со долг дострел во арсеналот на Кремљ.
Дописникот на „Гардијан“ наведува дека се чини оти синоќешниот напад на Киев бил обид да се уништи американскиот напреден систем „Патриот’, кој Вашингтон го испрати во Украина, а кој таа земја првенствено го користи за одбрана на Киев од руски воздушни напади.
Имено, „Патриотите“ пристигнаа во Украина пред неколку недели, а американски функционер неодамна за Си-ен-ен изјави дека руските сили се обидуваат да ги уништат тие напредни американски ракетни системи за воздушна одбрана.
Дописникот на „Гардијан“ потсетува дека владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски добила најмалку два система „Патриот“ од Берлин и од Вашингтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците, се обрати Хилари Клинтон
Илјадници активисти се собраа во центарот на Тел Авив барајќи предвремени избори и итен договор за ослободување на израелските заложници во Појасот Газа, а поранешната американска секретарка Хилари Клинтон им се обрати на демонстрантите преку видео врска. Треба да преземете итна акција за да ги вратите дома“, рече Клинтон, пренесува Танјуг.
Амбасадорот на САД во Израел, Џек Лу, рекол дека САД ги продолжуваат преговорите за враќање на заложниците, пишува The Times of Israel. Демонстрантите го блокираа автопатот Ајалон и запалија огнови, барајќи итен договор за ослободување на заложниците од Газа.
Бидејќи демонстрантите одбија да се разотидат по завршувањето на одобрениот митинг, полицијата го прогласи протестот за незаконски и интервенираше за деблокирање на автопатот.Полицијата соопшти дека уапсила осомничен за нарушување на редот на антивладините протести во Тел Авив.
Околу 200 демонстранти излегоа на одделни протести во Ерусалим, кои се одржаа во близина на Кнесетот.
Регион
Поставен рекорд во центарот на Белград: 1.000 гитаристи свиреа истовремено
Концертот на Guitar Art денеска собра 1.000 гитаристи на Трг Република во Белград, кои поставија национален рекорд во присуство на инструменталисти кои свират на гитара и слични инструменти на едно место во Србија свирејќи во рокенрол прослава со познати музичари, пренесе српска „Политика“.
Концертот „1.000 гитари“ ги привлече пред се во центарот на Белград најмладите гитаристи и нивните учители, но заедно свиреа цели семејства, составени од три генерации: дедо, татко и син…
Имаше мајки и ќерки кои „замавнаа“ со белградскиот блуз квартет и специјалните гости на концертот, меѓу кои Дејан Цукиќ, Ју групата, Кики Лесендриќ и Пилотите, Срѓан Гојковиќ Гиле, Бојана Стаменов, Никола Чутурило – Чутура. „Ова е конечно моментот кога барем на еден час ги заменуваме силиконите за витамини на Трг Република. Ова е сеќавање на мојата младост и почетоци во рокенролот. Среќен сум“, изјави Никола Чутурило Чутура за Танјуг.
За неколку минути неколку илјади љубопитни луѓе се собраа на Трг Република да уживаат во првокласен музички настан.
Свет
Сè уште се трага по хеликоптерот со кој леташе иранскиот претседател Раиси, објави ИРНА
Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше принуден да изврши „тешко слетување“ во планинскиот регион во северозападниот дел на Иран.
Инцидентот се случи денеска во шумата Дизмар помеѓу градовите Варзакан и Џолфа во иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси се враќаше од Азербејџан, каде присуствуваше на отворање на брана со азербејџанскиот Илхам Алиев.
Неименуван ирански претставник за западните медиуми изјави дека хеликоптерот со кој се превезуваа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан се урна додека летал над планинска област во иранската провинција Источен Азербејџан.
Тој истакна дека „животите на Раиси и Амирабдолахиан „се загрозени по хеликоптерската несреќа“.
„Сè уште се надеваме, но информациите кои ни доаѓаат од местото на несреќата се многу загрижувачки“, наведе неименуваниот ирански претставник.
Како што јави ИРНА, повеќе од дваесет целосно опремени тимови за пребарување и спасување, вклучително беспилотни летала и кучиња трагачи, се испратени во областа. Иранските вооружени сили распоредија командоси и специјални сили за да помогнат во операцијата за пребарување.
Поради нерамниот терен на регионот и тешките временски услови, особено густата магла во областа, операцијата за пребарување и спасување би можела да потрае некое време.
Портпаролот на Иранската служба за итни случаи изјави дека осум амбулантни возила се испратени во регионот.